Connect with us

Македонија

Утрово претепан градоначалникот на Арачиново

Published

on

Градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими бил физички нападнат, објави ТВ21.

Од МВР велат дека според пријавата Ибраими, бил нападнат од повеќе лица. 

„На 13.09.2022 година во 09:46 часот во СВР-Скопје, градоначалникот на Општина Арачиново пријавил дека бил физички нападнат од повеќе лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР. 

Македонија

Меџити: Болката е заедничка, заедно тагуваме за жртвите од Кочани

Published

on

Вечерва, на плоштадот „Скендербег“, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со граѓаните, положи цвеќе во чест на изгубените животи во трагедијата во Кочани.

„Заедно ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други. Вечерва зборуваме на различни јазици, но исто тагуваме и жалиме за нашите млади момчиња и девојки што неправедно ги изгубивме,“ истакна Меџити.

Тој упати сочувство до семејствата на жртвите и порача дека тие не се сами во оваа болка. „Нашите молитви и мисли се со семејствата на жртвите и повредените. Ние сме заедно!“ – порача Меџити.

Continue Reading

Македонија

14 повредени лица од Кочани ќе бидат примени на лекување во Бугарија!

Published

on

Вкупно 14 пациенти ќе бидат примени на лекување во Бугарија од Република Северна Македонија по  инцидентот во дискотека во Кочани.

Осум од нив пристигнале со воениот авион Спартан. Петмина се примени во Итната болница Пирогов во Софија. Сите се полнолетни, во тешка или критична состојба. Ова го соопшти проф. Николај Габровски, кој е заменик директор на болницата.

Се очекува вечерва да пристигнат уште пет повредени со амбулантите кои од Бугарија беа испратени во Македонија. Тројца од нив ќе бидат сместени во пловдивската болница „Св. Георги“, а останатите ќе бидат сместени во Пирогов, од кои двајца се малолетни.

Тројца од повредените ќе бидат примени во поморската болница во Варна. 

Вкупно 59 лица загинаа во пожар во дискотека во градот Кочани. Повредените се над 150.

Властите во Македонија известија дека пожарот бил предизвикан од пиротехнички средства користени за време на концерт во дискотеката.  

Голем дел од повредените и жртвите се млади луѓе на возраст од 16 до 24 години.

Бугарија изрази сочувство и испрати спартански воени авиони, како и амбулантни возила, да ги пренесат некои од најтешко повредените во бугарските болници.

Continue Reading

Македонија

Обвинителството ќе предложи 48 часовен притвор за десет лица за катастрофата во Кочани

Published

on

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска кажа дека обвинителството ќе препорача до судот притвор од 48 часа за 10 лица, инволвирани во трагедијата во Кочани.

„За десет лица ќе препорачаме притвор од 48 часа, со тоа што истиот може да се продолжи и до 30 дена ако има потреба“, изјави Коцевски. 

Под истрага се околу 20 лица, соопшти Коцевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк