Утрово претепан градоначалникот на Арачиново

Градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими бил физички нападнат, објави ТВ21.

Од МВР велат дека според пријавата Ибраими, бил нападнат од повеќе лица. 

„На 13.09.2022 година во 09:46 часот во СВР-Скопје, градоначалникот на Општина Арачиново пријавил дека бил физички нападнат од повеќе лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.