Connect with us

Балкан

Средба на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, според најавата од Министерството за надворешни работи, денеска ќе одржи средба.

МНР вчера соопшти за средбата споделувајќи информација дека Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја – Скопје, е назначен за нов член на Комисијата.

-Љоровски е именуван за нов член на Комисија согласно со неговата експертиза и препораките на Комисијата за соодветни покривање области од нивната работа, информираше МНР.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Северна Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Копретседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓорѓиев по објавата на препораките, на прес-конференција говорејќи во однос на учебниците,  појасни дека се оди на тоа да се менуваат работи кај кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете држави, и кои можат кај младите генерации да предизвикаат тензии, омраза итн.

– Во таа смисла Комисијата работи на надминување на тие места во учебниците, што верувам е една задача која ја има и секоја комисија која работи на вакви историски прашања во однос на учебниците по историја, рече  Ѓоргиев.

Како што оцени, периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе расправа Комисијата.

– Ние никогаш не сме рекле дека мора да дојдеме до заеднички став и до унисоно мислење. Тој период несомнено ќе биде тежок, мачен период за којшто ќе дискутираме, дискусиите ќе траат и во крајна линија ако ние се договориме, успееме да најдеме некакво решение ќе го презентираме. Ако не успееме да најдеме, тогаш нема решение. Не мора да значи дека оваа Комисија по секоја цена мора да донесе решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија, рече Ѓоргиев на новинарско прашање.

Балкан

Пијан возач фатен со 200 км/ч

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија денес околу 14 часот го запреа Д.В. (39) во Лозница, кој управуваше возило „суди“ со брзина од 200,8 километри на час на дел од патот Лозница – Шабац, каде што ограничувањето е 100 км/ч.

Со алкотестирање е утврдено дека возачот бил во тешка алкохолна интоксикација, со 1,41 промили алкохол во крвта.

Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во службените простории, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење и возење под дејство на алкохол.

Continue Reading

Балкан

Вучиќ: Србија има гориво до 15 јануари

Српскиот претседател Александар Вучиќ увери дека Србија има обезбедено доволно керозин, мазут, дизел и бензин најмалку до 15 јануари, а можеби и до 25 јануари, обидувајќи се да ги смири граѓаните по информациите за проблеми во нафтената индустрија.

Иако државата веќе 70 дена функционира без увоз на нафта, Вучиќ истакна дека енергетскиот систем е стабилен и дека нема причина за паника пред претстојните празници. Тој сепак призна дека ситуацијата е комплицирана, особено поради статусот на Нафтната Индустрија Србија (НИС), за што Белград следната недела ќе испрати итни барања до американската канцеларија за контрола на странски средства (ОФАК) за добивање оперативна лиценца.

„Доволно керозин, мазут, дизел и бензин обезбедивме најмалку до 15 јануари, можеби и до 25 јануари. Никој не треба да се грижи, имаме безброј технички проблеми, но државата знае како да ги реши“, рече Вучиќ.

Претседателот потенцираше дека Србија нема да дозволи колапс на енергетскиот сектор и им се заблагодари на граѓаните за поддршката. „Ве уверувам дека ќе имате доволно од сè што е потребно за празниците. Ќе добивате навремени информации за секоја промена“, додаде тој.

Continue Reading

Балкан

Тешка несреќа на Дурмитор: Турист загина по пад од жичара, жена тешко повредена

Трагичен инцидент се случи денеска на ски-центарот Савин Кук на Дурмитор, кога две лица – странски туристи – паднале од корпа на ски-лифт, при што едно лице го загуби животот, а друго се здоби со тешки повреди.

Несреќата се случила на жичара број два, во стрмниот втор дел од трасата што води кон Савин Кук. Според првичните информации, загинал маж, додека повредената жена е во свесна состојба и комуникативна.

На терен се ангажирани спасувачки и надлежни служби, кои вршат увид и ја утврдуваат причината за инцидентот. Првичните сознанија укажуваат на можен технички дефект во вториот дел од жичарата, по што корпата во која се наоѓале туристите започнала да се движи наназад.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг