Лукашенко цепеше дрвја – Нема да дозволиме нашите браќа во Европа да смрзнат (Видео)

Во најнова видеопорака, белорускиот претседател Александар Лукашенко вети дека ќе подели дрва за греење со Европа. Вели дека сака да ѝ помогне на Европа да ја издржи претстојната зима.

Вети дека нема да стои настрана и да ја „остави Европа да умре од студ“, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Видеото со изјавата на Лукашенко се појави на Телеграм. На неа Лукашенко со секира во рака цепа дрва во дворот на имотот на бизнисменот Сергеј Тетерин.

„Ајде другар, спречи Европа да умре од студ. Да им помогнеме на нашите браќа, тие можеби нам ќе ни дадат рака и ќе ни возвратат еден ден“, порача Лукашенко.

Тој додаде дека би сакал да помогне во вид на огрев, дрвата да им бидат достапни на обичните европски домаќинства.

„Треба да се размисли како ова дрво за греење да го направиме достапно на селаните и нивните семејства кои припаѓаат на работничка класа, а не на големите бизнис тајкуни“, вели белорускиот претседател.

„Исто така, клучно е да се обезбеди на полскиот претседател и на премиерот да им биде топло. Тие се наши соседи, нели?“, порача Лукашенко.

Lukashenko: Good firewood! Listen, Europeans can’t be choosers now!