Поранешната министерка Нина „Групер“ откако си ги повлече неетички парите од Еуростандард, сега има нова висока позиција

„Антикорупциска комисија го испита случајот со претходната министерка за финансии и ја утврди нејзината професионална и морална одговорност, којашто се оценува како многу важна за нејзиниот интегритет, бидејќи како член на Комитетот за финансиска стабилност таа знаела дека банката ќе се затвори и ги подигнала своите депозити од банката непосредно пред нејзиното затворање. На тој начин таа имала предност и била во повластена позиција да ги извади своите депозити од банката пред другите депоненти кои ги загубија своите пари. Вакви и слични случаи во други земји каде владеат правото и правдата имаат многу повисока одговорност споредено со нашата земја во којашто, по се изгледа, ваков настан кога висок партиски службеник и владин функционер, министер за финансии, го прави тоа се третира како сосема нормална појава. Дали оваа постапка на Нина Ангеловска како висок партиски службеник со проблематичен професионален и морален кредибилитет е награда од власта за сега предложеното место во одборот на директори на Македонски телеком?

Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска ниту поранешната министерка никогаш не одговорија на овие и на други прашања пред оштетените граѓани и фирми депоненти на Еуростандард банка а истовремено и пред целата македонска јавност.

Таа на својот профил на бизнис мрежата Linkedin објави дека е пред нов возбудлив предизвик, односно дека е среќна што се приклучува на Ananas e-commerce, како менаџер за интернационален бизнис развој, или како што напишала INT Business Develomement Manager.

Како што е познато, Ananas e-commerce, е во сопственост на компанијата „Делта“ на српскиот бизнисмен Мирослав Мишковиќ.

Ananas e-commerce е основана во 2020 година во Белград.

„Нашата мисија е да ги поврземе купувачите и продавачите на сигурна онлајн платформа за купување. Со помош на иновациите и технологијата, ги бришеме границите и им го олеснуваме животот на луѓето“, велат од компанијата.

Како што напишале Ананас на својата веб страница, на прашањето зошто е избрано името Ананас, тие го даваат следниов одговор до своите клиенти.

„За нас поважното прашање е зошто треба да ја изберете нашата платформа, а има четири причини: широк асортиман на производи, брза испорака, безбедно плаќање и полесно враќање на стоката. Ananas e-commerce е сигурна платформа која ги поврзува купувачите и продавачите. Со модерна технологија и иновации, купувањето преку Ananas ќе стане синоним за едноставност, сигурност и достапност. Сите овие придобивки ги сумиравме во нашиот слоган: „Кликни! Бум! Трас!“, со цел накратко и јасно да се пренесе колку е едноставно и посебно купувањето преку нашата платформа.

За нас, клиентот е крал, и секое добро искуство со купување преку Интернет е голема работа за нас. Нашето патување започнува од Србија, преку Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Хрватска и Словенија. Твојот почнува од ananas.rs“, стои на нивната веб страница.

Нивните вредности, како што велат, се емпатија, критичко размислување, страст, а нивното мото е дека „клиентот е крал“.

„Задоволните клиенти се најдобрата награда за нашата работа и секогаш се во фокусот на нашиот бизнис. Сите најнови, намалени и актуелни производи се веќе на страницата и ние ги одбравме за вас!“, се вели во нивната објава.