Принцот Вилијам: СЕ МЕ ПОТСЕЌА НА ПОГРЕБОТ НА МАМА, мислиш дека си подготвен, но не си

Принцот Вилијам одеше зад ковчегот на кралицата во поворката во средата. Во Сандрингам, тој потоа разговараше со обожавателите на кралското семејство и им кажа дека настанот го потсетил на истиот во 1997 година, кога одел зад ковчегот на неговата мајка Дијана. 

Тој имаше 15 години, а принцот Хари 12 години кога одеа со нивниот татко, кралот Чарлс, зад ковчегот на принцезата Дајана, која почина во 1997 година. 

„Мислам дека вчерашната прошетка беше предизвик. Тоа ни врати некои спомени. Тоа е еден од оние моменти кога мислиш дека си се подготвил за ова, но не си толку подготвен. Тоа е толку чудна работа… затоа што знаевме дека имаше 96 години“, ѝ рекол Вилијам на една жена од Сандрингем. 

Меѓу оние со кои разговарал принцот е и Џејн Велс од Лонг Сатон во Линколншир. „Тој рече дека му било тешко вчера бидејќи сè го потсетувало на погребот на неговата мајка“, рече Џејн. 

Керолин Барвик-Волтерс од Велс му се заблагодари на принцот што „ја споделил тагата со нацијата“, на што тој одговори: „Таа беше баба на сите“. 

Тој исто така откри дека принцот Џорџ разбира дека Елизабета умрела, додека принцезата Шарлот и принцот Луис сè уште не.