Connect with us

Скопје

Уште тројца директори и дадоа оставки на Арсовска

Published

on

Неотповиклива оставка поднесе в.д. директорот на ЈП Улици и Патишта, Борис Настов. Како причина за неговата оставка ја наведува неадекватната комуникација со градоначалничката Арсовска.

– Најнапред сакам да се заблагодарам за довербата и поддршката што ми беше дадена за да раководам со ЈП Улици и патишта.

Пред 9 месеци, кога станав в.д. Директор на ЈП Улици и патишта, затекнав претпријатие во многу лоша состојба, како финансиски, така и во однос на реализацијата на проектите. Во изминатиот период работев напорно заедно со моите соработници, наспроти сите предизвици и проблеми, за да се подобри работењето на претпријатието, а во функција на исполнување на очекувањата на граѓаните. Мојата мотивација во работата беше реализација на проектите кои им ги ветивме на граѓаните на Град Скопје.

Иако преку спроведните проекти и воспоставените добри практики во работењето на претпријатието многу работи се подобрија, реализацијата на проектите не се одвиваше според моите и очекувањата на граѓаните.

Затоа, ве известувам дека давам неотповиклива оставка на местото в.д. директор на ЈП Улици и патишта. Оваа моја одлука ја донесов како резултат на неадекватната комуникација со Градоначалничката на Градот Скопје, како основач на Претпријатието, како и немањето на разбирање при реализаиција на клучните проекти од интерес на Градот, а за кои јавното претпријатие имаше можност и потенцијал. Неможноста и покрај сите мои искрени намери и напори да воспоставиме меѓусебно разбирање, соработка и почитување како неопходни фактори за успешна имплеметација на зацртаните проекти и активности на претпријатието, придонесоа кон донесување на оваа моја одлука.

Искрено им се заблагодарувам на сите вработени и соработници во претпријатието кои работеа деноноќно на сите проекти и покрај отежнатите услови на функционирање, секогаш исполнувајќи ги задачите на највисоко професионално ниво. – пишува Настов.

Задоволен од тоа што го постигнавме со сопствени сили и ресурсите кои ги имавме на располагање, вели директорот на ЈСП Турс.

За период од 6 месеци, успеавме неколкукратно да ги зголемиме приходите во делот на превоз и туризам, како и да обезбедиме линеарно зголемување на платите за сите вработени. 

Но тоа не е доволно кога ЈСП Турс ја нема поддршката од Градот и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и со Генералниот директор Александар Стојковски. Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам. – пишува директорот на ЈСП Турс, Филип Василевски.

Директорот на ЈП Лајка Воислав Димитровска кој исто си даде оставка, вели дека годинава има останати обезбедени средства од Град Скопје само 1 900 000 денари која е доволно да се исплатат само плата и комунални трошоци на претпријатието за само 1 месец, без финансии за храна лекови и потрошен материјал.

Во изминатиот период ЈП Лајка поради тоа што нема финансиски средства за основно функционирање, правеше акции за донации со цел да не се прекине воспоставеното темпо на работа за реализација на програмата и спроведување на хуман третман кај животните. Изминатиот месец ЈП Лајка функционира главно од донации.

Во ваква тешка финансиска состојба без реална поддршка од страна на Град Скопје, како ВД директор на ЈП Лајка заедно со тимот од ЈП Лајка и со несебична поддршка од страна на здруженијата и активистите успеавме да го зголемиме капацитетот на третирани кучиња со хуман третман за околу 40%, вдомувањата на кучиња се зголеми за 300%, според податок од МВР на ниво на Град Скопје има намалување на инциденти предизвикани од куче за 20%. Подобрувањето на функционирањето на претпријатието се гледа и во бројот на вдомени кучиња во месец август 2022 година кој изнесува 40 вдомени кучиња во споредба со месец август 2021 година од 0 вдомени кучиња.

Во изминатиот период активно работевме за зголемување на јавната свест за благосостојба кај животните и одговорно сопствеништво, реализиравме над 20 кампањи на оваа тема. Подготвена е програма за едукација на младата популација на овие теми, и во фаза е броење на кучиња во рамки на Градот Скопје со цел да се има правилен пристап при подготовка на програмата и акцискиот план за 2023 година. Сето ова без одвоен денар од буџетот на ЈП Лајка или Град Скопје.

Се надевам дека следниот директор на ЈП Лајка ќе ја ужива довербата на здруженијата на граѓани и активностите, ветеринарната фела и граѓаните како што ја уживав јас, но и од страна на Град Скопје за да се одржи и зголеми темпото на работење. Се надевам дека следниот директор ќе ја подобри работата на претпријатието и нема да го користи јавното претпријатие за сопствени цели, што било слушај во минатото.

Скопје

Висар Ганиу: Од девет училишта во Чаир, седум немаат имотен лист

Published

on

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека од девет училишта на територија на општината, дури седум немале имотен лист.

Тој рече дека тие биле изградени на диво.

Ние поправаме една историја можеби 50 години што некој го наметнал така, и после легализираме се што е таму. После 63та година имаме ред блокови на згради без имотни листови, сега луѓето се снабдуваат со документи преку законот за легализација“, вели Ганиу.

Continue Reading

Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски со Неговото Блаженство Стефан: Нови проекти за духовен развој во Кисела Вода

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски, Неговото Блаженство Господин Господин Стефан.

За време на средбата, градоначалникот доби благослов од духовниот лидер, а воедно се разговараше за идните проекти што ќе придонесат за унапредување на духовниот живот во општината и зајакнување на заедништвото меѓу граѓаните.

„Историјата се пишува со големи дела, а ние сме тие кои ги создаваме. Посетивме неколку значајни места низ Кисела Вода и разговаравме за проектите што во иднина ќе ги реализираме“, истакна Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода во изминатиот период инвестира во повеќе инфраструктурни и културни проекти, а најавените иницијативи се очекува да донесат дополнителни подобрувања за локалната заедница.

„Бог нека секогаш биде со нас“, порача градоначалникот, нагласувајќи ја важноста на духовните вредности за развојот на општеството.

Continue Reading

Скопје

ЗОО Скопје: Јагуарката Инес под интензивна нега, откриени метастазирани тумори, се прави сè за нејзината благосостојба

Published

on

Јагуарката Инес, една од најстарите жителки на Зоолошката градина, е под постојан надзор на ветеринарните експерти откако кај неа биле откриени метастазирани тумори.

Инес има 22 години, што е значително над просечниот животен век на јагуарите во природата, кој изнесува од 12 до 15 години. Во зоолошките градини, најстарите единки доживуваат до 23 години, што ја прави Инес вистински борец.

Тимот од Факултетот за ветеринарна медицина, заедно со вработените во Зоолошката градина, интензивно работи на нејзиното лекување и подобрување на нејзината благосостојба. Преку детални испитувања и компјутерска томографија, биле откриени здравствените проблеми, а сега се преземаат сите можни мерки за да ѝ се олесни состојбата.

„Грижата за животните секогаш треба да биде на прво место. Заедно со експертите од Факултетот за ветеринарна медицина, правиме сè што можеме за подобрување на здравјето на Инес, но и на сите други животни. Факултетот располага со најсовремена апаратура и врвни ветеринари кои несебично се вложуваат во оваа мисија,“ истакнуваат од Зоолошката градина.

И покрај здравствените предизвици, Инес останува симбол на издржливост и сила, а нејзиниот тим се бори да ѝ обезбеди најдобра можна грижа во оваа фаза од нејзиниот живот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк