Connect with us

Македонија

АПАСИЕВ: „БУГАР ОСМАНИ-ИДАТ ПАРТИЗАНИ“

По неуспешниот обид новинарката Бесмира Ејупи, која скандалозно заработувала хонорари од пет државни институции, да стане генерална конзулка во Њујорк со несоодветна диплома од приватен универзитет, Османи ја вработи во МНР, при отсуство на компетенции, очевидно по сопствена иницијатива, пишува лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев во објава на ФБ.

-За овој случај, Антикорупциската комисија најави кривичен прогон на Државниот правобранител Фехми Стафа, како и на градоначалниците Блерим Беџети од Сарај, Висар Ганиу од Чаир, Енвер Пајазити од Брвеница и Борче Митовски од Петровец. Дополнително, без претходно искуство и соодветно звање, ИВАНА КОСТОВСКА е најновиот вработен во МНР по согласност од деспотот Османи. Се работи за сопругата на пратеникот Мартин Костовски, кој гласаше ЗА „францускиот предлог“ и беше спремен да предизвика насилство во Собранието за бугаризација на Македонија.

Потсетуваме дека претходно за генерален конзул во Чикаго беше испратен синот на провладиниот политички аналитичар, Алберт Муслиу.  Само пред некој ден, Пендаровски ги потпиша указите за амбасадорите во Софија и Брисел (амбасадорски места од исклучително значење за Републиката доколку се земат во предвид случувањата околу заклучоците и преговорите со Бугарија) без да бидат сослушани пред собраниската комисија, со што направи уште еден дипломатски преседан.

Преку низа скандалозни одлуки за кадровски решенија, карактеристични за тоталитарно општество, владејачката клика неминовно потврдуваат дека се измеќари на туѓите интереси!Ангажирање на партиски послушници, кои имаат лични и семејни релации со функционери на СДСМ и ДУИ, е режимска алатка на Владата со тенденција за зголемување на тимот кој ќе продолжи со деструктивните дипломатски одлуки за докусурување на Македонија, стои во постот на Апасиев.

https://www.facebook.com/dimitar.apasiev/posts/5462847320447228

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг