Connect with us

Свет

Маж го допрел ковчегот на кралицата, експресно беше уапсен (Видео)

Published

on

Еден човек е уапсен откако се приближил и го допрел до ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора, кој е изложен во Вестминстерската сала, јавува Би-Би-Си.

Тој е уапсен поради јавен неред и приведен, соопшти лондонската полиција. Инцидентот во најстарата зграда на парламентот се случил синоќа околу 23:00 часот.

„Околу 23:00 часот, полицајците на Парламентот и службениците за дипломатска заштита приведоа маж во Вестминстерската сала поради малтретирање“, соопшти Скотланд Јард.

Ковчегот ќе остане во Вестминстер до погребот во понеделник. На снимката од емитувањето на официјалната церемонија се гледа како безбедносните службеници го приковаа осомничениот на земја.

Свет

Руте: НАТО останува силен, САД ќе останат дел од Алијансата

Published

on

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на денешната прес-конференција пред дводневниот Самит на министрите за одбрана истакна дека е убеден дека Алијансата ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од сојузот.

– САД повеќепати го потврдија членот 5 од Вашингтонскиот договор, но јасно кажаа дека очекуваат од сојузниците повеќе да трошат на одбраната. Тоа треба да го направиме поради заканите од Русија и од Кина, наведе Руте.

Администрацијата на Трамп повеќепати  ги повика европските сојузници да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) – повеќе од двојно од сегашната цел на НАТО од минимум два проценти од БДП.

Руте навести дека одлуката за зголемување на трошоците за одбрана најверојатно ќе биде донесена на следниот Самит на НАТО во јуни.

Министрите за надворешни работи на НАТО утре и в петок во Брисел ќе разговараат за зајакнување на одбранбените способности на Алијансата.

– Живееме во опасен свет, НАТО мора да биде посилен, поправеден и поспособен за смртоносни напади, посочи Руте.

Тој ги поздрави напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина.

– Ги поддржувам напорите на САД за праведен и траен крај на војната. Војната мора да заврши на таков начин што (рускиот претседател Владимир) Путин никогаш повеќе нема да се обиде да заземе педа од Украина или дел од територијата на НАТО, потенцира Руте.

Тој претходно најави дека сојузниците на НАТО за 2025 година ветиле безбедносна помош за Украина во висина од над 20 милијарди евра, а Командата на Алијансата во германскиот град Визбаден ќе продолжи да ја координира воената помош за Украина и обуката на украинските војници. 

Continue Reading

Свет

Украинците претрпеле тешки загуби, објавени црни бројки: Загубите во оваа војна се застрашувачки

Published

on

Украинската војска, судејќи по податоците кои ги објавило руското Министерство за одбрана, од јануари до крајот на март оваа година изгубила 138.000 војници.

Претходно, началникот на главната управа на рускиот Генералштаб, Сергеј Рудској, изјавил дека украинската војска во текот на 2024. година изгубила вкупно 590.000 војници, како и дека вкупниот број на загинати од почетокот на Специјалната воена операција веќе го преминал милионот.

Неколку недели претходно, Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека Русија изгубила 903.480 војници од почетокот на инвазијата на Украина.

Според податоците од генералштабот на украинската армија, украинските сили од почетокот на војната уништиле повеќе од 10,412 тенкови.

Украинските сили од почетокот на војната собориле 30.495 беспилотни летала.

Украинците исто така потврдија дека уништиле 3121 крстаречка ракета но и повеќе од 25.000 артилериски системи, 28 воени бродови, 1 подморница, повеќе од 41.000 возила и резервоари за гориво, 1116 против-воздушни системи, но и разновидна специјална опрема.

Continue Reading

Свет

Од што се плаши Макрон? Итно свикан состанок со Советот за одбрана

Published

on

Францускиот претседател Емануел Макрон свика итен состанок со клучни министри и безбедносни експерти за да разговараат за ситуацијата во Иран, особено за неговиот нуклеарен програм, во услови на зголемени тензии со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Според дипломатски извори, состанокот укажува на растечката загриженост на европските сојузници дека САД и Израел би можеле да преземат воени акции против иранските нуклеарни постројки доколку не се постигне брз договор.

Истовремено, Пентагон објави дополнително засилување на воените капацитети на Блискиот Исток, вклучувајќи распоредување борбени авиони, како одговор на неодамнешните воздушни напади врз Хутите во Јемен, кои имаат поддршка од Иран.

Европските лидери сè повеќе стравуваат дека овие потези се подготовка за можен американски напад врз Иран во наредните месеци. Трамп веќе ги засили економските санкции против Иран и му се закани на врховниот лидер Али Хамнеи со воени удари и дополнителни царини доколку не се постигне договор за иранскиот нуклеарен програм.

Во обид да ја спречи ескалацијата, Макрон оваа недела ќе се сретне со иранскиот министер за надворешни работи во Париз, а европските дипломати се надеваат на директни разговори со американскиот државен секретар Марко Рубио.

По повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран во 2018 година, Техеран значително ги зголеми залихите на обогаќен ураниум, што го загрижува Западот дека е сè поблиску до можноста за производство на нуклеарно оружје. Франција, Британија и Германија во изминатите месеци вршат засилен дипломатски притисок за да го вратат Иран на преговарачката маса, но засега без конкретен успех.

Дали состанокот на Макрон е сигнал за посериозна криза? Дали Европа ќе успее да го намали притисокот или светот е на работ на нов судир?

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк