Голем пожар во скопска Кисела Вода (Видео)

Претпладнево избувна пожар во близина на Тутунски комбинат спроти Управата за јавни приходи, информира за МИА од бројот 112 за итни случаи.

Оттаму велат дека најверојатно горат напуштени стари бараки и дека се известени сите надлежни. Веќе се интервенира на пожарот.