Connect with us

Европа

„Луѓето кои служат со љубов се ретки, а водачите кои служат со љубов сè уште поретки“ – Величенствена церемонија на последното патување на кралицата

Ковчегот на кралицата Елизабета Втора го започна своето последно патување од Лондон до замокот Виндзор, каде што ќе биде погребана покрај нејзиниот сопруг војводата од Единбург.

Стотици илјади луѓе се собраа во Лондон на рутата низ главниот град на Британија за да го кажат своето последно збогум, додека милиони ширум светот го гледаа државниот погреб на телевизија.

Кралот Чарлс Трети и неговите браќа и сестри одеа зад ковчегот додека заминуваше од Вестминстерската опатија по државниот погреб, додека другите членови на кралското семејство патуваа со автомобил.

За време на богослужбата, кралот Чарлс беше видно трогнат и неколку пати за малку ќе заплачеше особено додека се пееше националната химна во Опатијата. Тој во венецот на ковчегот, кој е направен со цвеќиња кои лично ги избрал, стави рачно напишана порака до неговата мајка.

Во љубов и посветено сеќавање, пишуваше во пораката.

По поворката од Вестминистерската опатија до Велингтон Арх во Хајд Парк ковчегот со возило се пренесува до капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор.

Во капелата 15 часот по Гринич ќе се одржи церемонија, по што ќе следи приватна погребна служба на која ќе присуствуваат високи членови на најтесното кралско семејство.

На погребот на кралицата во Вестминстерската опатија присуствуваа околу 2.000 луѓе, меѓу кои и членови на кралски семејства од цела Европа, политичари од сите страни на политичкиот спектар и светски лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон.

Кралот Чарлс и кралицата сопруга Камила одеа веднаш зад ковчегот додека влегуваа во готската црква за богослужбата, по што следеа принцезата Ана и нејзиниот сопруг вицеадмиралот Тим Лоренс, потоа принцот Ендрју, а зад него и принцот Едвард и неговата сопруга Софи.

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот беа со своите родители, а беа следени од принцот Хари и неговата сопруга Меган и други членови на кралското семејство.

За време на својата проповед, надбискупот од Кентербери Џастин Велби рече дека изливот на емоции за кралицата „произлегува од нејзиниот изобилен живот и служба со љубов, која сега ја нема“.

Велби ја опиша кралицата дека допрела „мноштво животи“ и оти била „радост“ за многумина.

– Луѓето кои служат со љубов се ретки во која било област од животот. Водачите кои служат со љубов сè уште се поретки. Но во сите случаи оние кои служат ќе бидат сакани и запаметени кога ќе се заборават оние кои се држат до власта и привилегиите, рече тој.

– Тагата на овој ден – што ја чувствува не само семејството на покојната кралица, туку и целата нација, Комонвелтот и светот – произлегува од нејзиниот изобилен живот и служба со љубов, кои сега ги нема, додаде.

Велби, стоејќи во црквата каде што кралеви и кралици се крунисани од 1066 година, исто така рече дека кралицата на својот 21-ви роденден изјавила „дека целиот нејзин живот ќе биде посветен на служење на нацијата и Комонвелтот“.

Тој додаде: „Ретко кога такво ветување е толку добро одржано. Малкумина лидери го добиваат изливот на љубов што го видовме“.

Помеѓу химните испеани на богослужбата, беше изведена и „Господ е мојот пастир“ која се пееше и на свадбата на кралицата со војводата од Единбург во опатијата во 1947 година.

Последен од кралицата во Вестминистерската опатија се прости кралскиот гајдаџија, полицаец од прва класа, Пол Брнс кој ја отсвире традиционалната тажалка „Спиј, мила, спиј“. Беа отсвирени и The Last Post, Reveille и националната химна.

Вечерва во Виндзор ќе се одржи приватен погреб со високи членови на кралското семејство, каде што кралицата повторно ќе се соедини со нејзиниот сопруг, војводата од Единбург.

Последното почивалиште на кралицата ќе биде меморијалната капела на кралот Џорџ Шести, анекс на главната капела каде што биле погребани нејзината мајка и татко, заедно со пепелта на нејзината сестра, принцезата Маргарет.

Ковчегот на Филип ќе се премести од кралскиот свод во меморијалната капела за да биде до ковчегот на кралицата.

Денешниот државен погреб на кралицата Елизабета Втора се смета за најголемата безбедносна операција во историјата на Велика Британија, надминувајќи ја операцијата за платинестиот јубилеен викенд и Олимпијадата во Лондон 2012 година.

Европа

Федерика Могерини се повлече од ректорската функција

mogerini

Поранешната висока претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, поднесе оставка од функцијата ректор на Колеџот на Европа, соопштувајќи ја својата одлука по состанокот на Извршниот одбор на институцијата.

Во својата изјава, Могерини нагласи дека нејзиниот потег е направен „во согласност со највисоките стандарди на строгост и праведност со кои отсекогаш ги извршував моите должности“, инсистирајќи на интегритетот на нејзината одлука.

Оваа објава доаѓа во чувствителен момент, само еден ден откако високиот функционер на ЕУ, Стефано Санино, најави пензионирање на крајот на декември. Санино, кој во моментов е директор на Генералниот директорат на Европската комисија за Блискиот Исток, Северна Африка и Заливот, исто така е спомнат како осомничен во контекст кој не е прецизиран во соопштението.

Засега не се дадени дополнителни детали околу причините за оставката на Могерини или за поврзаноста со пензионирањето на Санино, што остава простор за шпекулации во бриселските кругови.

Continue Reading

Европа

Унгарија најавува тужба против ЕУ поради ограничувањата за рускиот гас, додека Словачка го ревидира својот став

Владата на Унгарија официјално објави дека ќе ја оспори одлуката на Европската Унија (ЕУ) за постепено укинување на увозот на руска енергија до 2027 година пред Европскиот суд на правдата (ЕСП). Будимпешта овој потег на Брисел го нарекува „бриселски диктат“ кој сериозно ја загрозува националната енергетска безбедност.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на брифинг истакна дека одлуката за одвојување од руската нафта и гас е „невозможна“ за Унгарија да ја прифати и спроведе.

„Прифаќањето и спроведувањето на оваа одлука од Брисел е невозможно за Унгарија“, изјави Сијарто.

Според министерот, ембаргото го прекршува основачкиот документ на ЕУ и претставува казнена мерка маскирана како трговска политика. Сијарто најави дека Унгарија формално ќе го упати прашањето до највисокиот суд на ЕУ веднаш откако одлуката ќе биде финализирана во Брисел, предупредувајќи дека спроведувањето би го загрозило снабдувањето со енергија и би предизвикало стрмни зголемувања на цените.

Унгарија не е единствената членка со резерви. Словачка, која исто така е во голема мера зависна од рускиот увоз, сè уште анализира дали да се приклучи на правниот предизвик.

Словачкиот премиер Роберт Фицо нареди итна ревизија од страна на министрите за економија, надворешни работи и правда, за да се утврди дали Европската комисија ги исполнила претходно ветените гаранции.

Оспорената одлука на ЕУ, усвоена со квалификувано мнозинство (механизам што го заобиколи правото на вето на Унгарија и Словачка), предвидува забрана на увозот на руски гас од цевковод и течен природен гас (LNG) до крајот на 2027 година, со постепено укинување кое започнува од април 2026 година за LNG и јуни 2026 година за гас од цевковод.

Додека Брисел инсистира дека ембаргото е неопходен чекор за прекинување на енергетската зависност од Москва, поддржувачите го истакнуваат значајниот напредок во диверзификацијата на енергијата.

Сепак, за Будимпешта и Братислава, времето и содржината на забраната носат сериозни ризици. Унгарија, која поголемиот дел од фосилните горива ги добива преку цевководите „Дружба“ и „Јужен тек“, тврди дека не постои реална алтернативна понуда што би ја заштитила нејзината енергетска стабилност.

Министерот Сијарто потврди дека правните подготовки се веќе во тек и дека Будимпешта се консултирала со Братислава за координирање на заедничкиот предизвик.

Засега, Словачка останува неодлучна, наведувајќи дека одлуката за судска постапка зависи од проценката дали ветувањата на Европската комисија за заштита од недостиг на енергија и ценовни скокови се целосно исполнети.

Continue Reading

Европа

Драматичен пад на владејачката коалиција: Инса-анкета открива сериозен пресврт во германската политика

Најновата анкета на INSA спроведена за „Билд“ (BILD), со 2002 испитаници во периодот од 28 ноември до 1 декември 2025 година, открива длабоки и драматични промени во распоредот на политичките сили во Германија. Резултатите покажуваат значителен пад на поддршката за партиите од актуелната владејачка коалиција, додека опозициската, национал-конзервативна партија Алтернатива за Германија (AfD), се искачува на историски високо второ место.

Актуелната владејачка коалиција, составена од Социјалдемократската партија (SPD), Зелените (GRÜNE) и Слободната демократска партија (FDP), бележи заеднички резултат кој е значително понизок од оној што би бил потребен за формирање влада.

  • Социјалдемократска партија (SPD, S&D), централно-лева партија која го предводи кабинетот, добива 14.5% од гласовите во анкетата. Ова претставува пад од 1.9 процентни поени во однос на претходниот изборен резултат (16.4%).

  • Зелени (GRÜNE, Greens/EFA), централно-левата еколошка партија, добива 11.0%, што е за 0.6 процентни поени помалку од нивниот изборен резултат (11.6%).

  • Слободна демократска партија (FDP, RE), либералната партија, се соочува со најголем предизвик, со само 3.5% поддршка, што е далеку под прагот од 5% потребен за влез во Бундестагот (4.3% на претходните избори). Оваа бројка е особено загрижувачка за партијата која е традиционален коалициски партнер.

Вкупниот пад на владејачките партии укажува на големо незадоволство меѓу гласачите од моменталната политика.

На спротивната страна од политичкиот спектар, двете најголеми опозициски партии ги зацврстуваат своите позиции, најавувајќи можна нова политичка ера.

  • Христијанско-демократската унија/Христијанско-социјалната унија (CDU/CSU, EPP), традиционалната конзервативно-централна сила, останува на првото место со 24.5% поддршка. Сепак, тие бележат благ пад од 4.0 процентни поени во однос на нивниот изборен резултат од 28.5%.

  • Алтернатива за Германија (AfD, ESN), крајно-десничарската, национал-конзервативна и евроскептична партија, постигнува историски најдобар резултат во анкетите со 27.0% поддршка, што е значаен скок од 6.2 процентни поени во однос на претходниот изборен резултат од 20.8%. Со ова, AfD е втора најсилна партија, надминувајќи ги традиционално силните SPD и Унијата.

    Резултатите се интересни и на левиот дел од политичката сцена, каде се појавува нов играч, формиран како отцепено крило од традиционалната левица.

    • Левица (LINKE, LEFT), демократската социјалистичка партија, добива 10.5% поддршка, што е значајно подобрување од нивниот претходен изборен резултат од 8.8%.

    • Сојуз Сара Вагенкнехт (BSW, NI), новоформираната партија, опишана како лево-конзервативна со популистички тенденции, добива 4.0% поддршка. Оваа партија, формирана од поранешни членови на Левицата, е на работ на влегување во парламентот (5.0% на претходните избори), но нејзиното појавување очигледно влијае на традиционалната левица.

Оваа анкета, со индекс на демократски либерализам (V-Dem LibDem Index) од 0.79, сигнализира длабока криза на доверба во владејачкиот блок. Подемот на AfD до втората позиција, како и зголемената поддршка за Левицата (LINKE), сугерираат дека голем дел од гласачите бараат радикални алтернативи надвор од политичкиот центар.

Падот на FDP под прагот од 5% ја доведува во прашање одржливоста на актуелната коалиција и ја отвора вратата за разгледување на алтернативни владини комбинации по следните избори, кои се очекуваат до 2029 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг