Connect with us

Македонија

Скандал: Докторка од Кочани не сака да и помогне на ромка која се мачи во здравствената установа (ВИДЕО)

Published

on

Македонија

Солидарност од Швајцарија: Собир во Берн за жртвите во Кочани и Нови Сад

Published

on

Во саботата, на 29 март 2025 година, во швајцарскиот град Берн се одржа собир во чест на жртвите од трагедиите во Кочани и Нови Сад. Настанот се одржа на Бундесплац, каде што присутните со свеќи и тивко сеќавање испратија порака: „Не ве забораваме“.

Организаторите и учесниците истакнаа дека и покрај физичката оддалеченост, емпатијата и заедништвото се посилни. „Иако сме далеку, срцата ни се со луѓето во Кочани и стоиме покрај нив,“ стои во пораката споделена на социјалните мрежи.

Настанот беше израз на солидарност, а присутните упатија голема благодарност до сите што се придружија и ја изразија својата поддршка.

Continue Reading

Македонија

ВИДЕО Христијан Стојанов – 18-годишниот херој кој спасуваше животи во пожарот во Кочани

Published

on

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е еден од младите херои на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој храбро и несебично влегол во огнот за да спаси човечки животи.

Христијан, кој е ученик во Средното текстилно училиште во Штип, за штипската телевизија „ТВ Стар“ раскажа за драматичните моменти што ги преживеал вечерта на 16 март.

„Кога го видовме пожарот, се погледнавме со мојот близок другар Давид Симонов и знаевме дека треба да влеземе внатре. Ја натопив маицата, ја ставив на устата и влегов. Се обидувавме да спасиме колку што можеме повеќе луѓе. Им подававме рака на оние кои беа при свест, а оние кои беа онесвестени ги извлекувавме надвор. Имаше луѓе кои не можеа да влезат, но помагаа на повредените надвор“, раскажа Стојанов.

Христијан истакнува дека не правел разлика кого спасува, единствена цел му била да извлече што повеќе луѓе. Тој го истакнува значењето на обезбедувањето кое давало инструкции и му помагало во спасувачката акција.

За жал, некои од неговите блиски пријатели не преживеале трагедијата.

„Денови по пожарот не можев да заспијам од глетките кои ги видов. Во болница во Скопје поминав десет дена, добивав инфузии и кислород, а психолози и психијатри разговараа со нас секој ден“, додава тој.

Сепак, Христијан е горд на тоа што успеал да спаси неколку животи.

„Не очекувам ништо за возврат. Тоа беа човечки животи и тоа ми е доволно“, заклучува младиот херој.

Претходно, за херојските напори во пожарот, сведочеше и 19-годишниот Јован Костадинов.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Македонија

Денес силни врнежи, грмежи и опасен ветер – еве кои региони се најзагрозени!

Published

on

Денешниот ден носи нестабилно време, особено во источните и јужните делови на земјава, каде што се очекуваат силни поројни дождови (над 15 л/м² за кратко време), грмежи и засилен ветер. Метеоролозите предупредуваат на можни краткотрајни невремиња, па граѓаните се советуваат да бидат внимателни и да избегнуваат движење на отворено за време на најинтензивните врнежи.

Следете ги најновите информации и бидете подготвени!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк