Connect with us

Свет

Телеграф: Украина ќе победи – Русија ќе се распадне

Станува сѐ појасно дека Украина ќе победи во оваа војна и дека Кремљ се соочува со историска криза во довербата, пишува британски „Телеграф“.

Постои реална можност дека откриените слабости на претседателот на Русија Владимир Путин се толку сериозни што може да бидат почеток на крајот – не само на неговиот режим, туку и на самата Руска Федерација/

Оваа огромна земја опфаќа повеќе од 120 етнички групи на неодржливи основи, пишува британскиот весник и додава дека нејзиниот колапс во почетокот може да биде постепен, но брзо може да стане ненадеен. насилен и неконтролиран настан. Ако Западот не се подготви за оваа можност, како што порано не се подготви за распадот на СССР, тоа може да внесе голема нестабилност во светската геополитика.

„Телеграф“ наведува три фактори кои може да доведат до распад на федерацијата. Првиот е потполн распад на довербата во војската, која традиционално беше сржта на легитимитетот на кремљ. Нејзиното понижување во Украина сега е речиси потполно, а гордата Црноморска флота и понатаму се крие зад Крим, но е премногу исплашена за да преземе акција против земјата која речиси и да нема морнарица.

А руските мажи масовно избегнуваат регрутација знаејќи каква судбина ги чека на бојното поле. Ова несразмерно го зајакна регрутирањето на етничките малцинства од Чеченија и другите региони на работ на федерацијата – група која најлесно се користи како топовско месо – што предивика незадоволство кое Москва не може лесно да го потисне.

Второ, штетата која ја претрпе руската економија е премногу разора за да издржи популација од 144 милиони луѓе, пишува „Телеграф“. Губитокот на енергетскиот пазар, кој го компензираше недостигот на модерна индустрија во земјата, не може да се надмине. Европските влади нема повторно да се потпираат на Северен ток 1.

Русија, исто така, се потпираше на извозот на оружје, но која земја сега ќе биде заинтересирана за купување на нејзината опрема или вооружување? Таква економска криза може да се одржува со месеци во погрешна надеж дека ситуацијата повторно ќе се стабилизира – но, дури и во Русија изворот на стоицизам има свои граници. Ова доведува до третиот фактор, а тоа е ретката густина на населеност. Затоа што, покрај тоа што поседува 70 пати поголема копнена површина од, на пример, Велика Британија, Руската Федерација има само двојно повеќе жители. Овие бројки го отежнуваат постигнувањето на граѓанска солидарност и во најдобри времиња, а сега, со престолнината во слаба позиција, секое чувство на национален идентитет може брзо да се влоши.

Западните санкции ќе ги принудат московските елити да направат тешки економски компромиси. Тие неизбежно ќе ја спасат средната класа во престолнината, која претставува непосредна закана за режимот, на штета на малцинското население во конститутивните покраини.

Идејата за потреба од „деколонизација“ на Русија веќе некое време се спомнува на Запад. „Телеграф“ пишува дека сега треба да се постават тешките прашања за потенцијалниот крај на Руската Федерација, за таа да не се случи до никаде.

На пример, како ова може да се одигра во земја која има значителни залихи на нуклеарно оружје и неколку центри на моќ? Кој би ги „извлекол“ нуклеарките? Како да се избегне протекот на оружје и милитанти во балтичките држави? Дали големиот внатрешен судир е неизбешен или колапсот може да се заузда во политички контекст?

Заедно, овие дилеми претставуваат многу значаен предивик пред Западот. Еден погрешен чекор и може да се соочат со катастофа.

Свет

260 животи загубени – Индија испраќа тим во САД да открие што се случило

Индија следната недела ќе испрати тим истражители во САД за да ги прегледаат податоците за смртоносната несреќа на авионот на компанијата „Ер Индија“ од јуни, јавува Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Истражителите ќе соработуваат со Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) и ќе ги анализираат податоците од црната кутија, како и информации од пилотската кабина на авионот. Целта е индиските експерти да ги споделат наодите и да помогнат во утврдувањето на причините за несреќата.

Засега нема официјална потврда за посетата на тимот од страна на САД. Во авиoнесреќата што се случи во јуни загинаа 260 лица.

Continue Reading

Свет

Чернобил е сериозно оштетен – контролата над радиоактивното зрачење е изгубена

Заштитната структура на напуштената нуклеарна централа во Чернобил, изградена за да спречи ширење на радиоактивен материјал, повеќе не ја извршува својата клучна безбедносна функција по нападот со беспилотни летала од февруари годинава, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Според извештајот, инспекцискиот тим на МААЕ минатата недела потврдил дека дел од конструкцијата на т.н. саркофаг се урнал како последица од нападот, со што структурата ги загубила своите „примарни заштитни функции“ – меѓу кои и задржувањето на радиоактивните честички.

И покрај тоа, не е регистрирано трајно оштетување на носечката конструкција и на контролниот систем, наведува агенцијата.

Раководителот на МААЕ, Рафаел Гроси, соопшти дека биле извршени привремени поправки на покривот, но истакна дека е неопходна целосна реконструкција за да се спречи понатамошно влошување на состојбата и да се гарантира долгорочна нуклеарна безбедност.

МААЕ препорачува дополнителни заштитни мерки, реставрација на оштетените делови и ажурирање на системите за следење на корозија и влага, како и надградување на програмите за континуирано мониторирање.

Нападот на 14 февруари, кога дрон ја проби надворешната обвивка и предизвика пожар, Украина го припиша на Русија, додека Москва ги негираше обвинувањата.

Сегашната заштитна конструкција околу реакторот број 4 – кој експлодираше во катастрофата од 1986 година – е поставена во 2019 година за да спречи дополнително ширење на радиоактивно зрачење. По нападот, нивото на радијација остана во нормални граници и немаше извештаи за зголемена изложеност, потврдија ОН уште во февруари.

Continue Reading

Свет

Молдавија во мрак: Руски напади врз Украина предизвикаа голем енергетски хаос

Молдавскиот оператор за пренос на електрична енергија „Молделектрика“ се соочува со сериозни потешкотии поради масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура, кои синоќа предизвикаа прекини и преоптоварување на системите во регионот.

Според соопштението на операторот, голема електрана била исклучена, а интерконекциите со Украина и Романија достигнале критични нивоа. Поради надминување на планираниот проток, Молдавија побара итна помош од Романија за стабилизирање на мрежата, објави „Ле Монд“.

Русија синоќа ги нападна регионите Чернихив, Запорожје, Лвов и Дњепропетровск, таргетирајќи клучни објекти од украинската енергетска мрежа. Украинското Министерство за енергетика соопшти дека повеќе области – меѓу кои Киев, Лвов, Одеса, Чернигов, Запорожје, Днепропетровск и Николаев – претрпеле прекини во снабдувањето со струја.

Руското Министерство за одбрана тврди дека мета биле компании од украинскиот воено-индустриски комплекс, инфраструктура која „го поддржува неговото функционирање“, како и пристанишни објекти што се користат „во интерес на вооружените сили на Украина“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг