Теа Таировиќ би ја запалила оваа снимка (ВИДЕО)

Теа Таировиќ моментално важи за една од најангажираните пејачки на естрадната сцена, а веќе подолго време ја следи и „титулата“ кралица на бакшишот, бидејќи нема прослава каде што не била раскошно наградено со подебела сума пари.

Оваа сезона, како што и самата призна, секоја вечер настапувала низ регионот, а каде и да пеела правело вистинско шоу.

Сепак, малкумина се сеќаваат на моментот кога Теа првпат стапна на сцената, но многумина знаат дека кариерата ја започна во „Ѕвездите на Гранд“. Жирито тогаш беше во сосема поинаков состав од денешниот, а меѓу членовите беше и Јелена Карлеуша која како да и „ја предвидела иднината“. Иако на почетокот немаше пофални зборови за гласовните способности на младата пејачка, Карлеуша не ја изостави  можноста да каже дека Теа може да стане голема ѕвезда.

Изведбата ти беше млака, интонацијата многу лоша, се’ на се’ многу лошо. Од друга страна, многу си привлечна и , што е многу важно си родена за на сцена… Не се плашиш од сцената, имаш многу убава насмевка и изглед. Мислам дека ако поминеш, за да бидеш ѕвезда треба подобро да пееш“ – и рече тогаш Карлеушаа.

Сепак, Теа низ неколку круга успеа да ги добие пофалбите на Јелена – поради гласот на кој напорно работеше, но особено поради сценскиот настап по кој е препознатлива и денес. Друга ситуација беше многу интересна, а сигурни сме дека Теа би сакала ова видео да го запали да може.

Видео:

https://www.instagram.com/reel/CiN13fAM3vI/?igshid=YzA2ZDJiZGQ=