Олга Скабеева: Русија требаше да фрли нуклеарна бомба за време на погребот на кралицата

Требаше тоа да го направиме тоа денеска, кога е погребот на кралицата. Сите најважни луѓе се таму, одговорила водителката на емисијата, Олга Скабеева на прашањето на еден од гостите.

Русија требало да го искористи погребот на кралицата Елизабета и да фрли нуклеарна бомба во Лондон, бидејќи „сите најважни луѓе биле таму“, смета руската ТВ-водителка Олга Скабеева, позната и како „Куклата на Путин“. Нејзиниот одговор доаѓа како коментар на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој го предупреди својот руски колега да не помисли на користење нуклеарно оружје.

Видеото од емисијата се прошета по социјалните мрежи.