Апасиев: Руси што бегаат се како СДС во 2001 година, прав патриот не бега од војна!

Не мислам дека ќе има Трета светска војна ама натаму оди работата. Од ова најголема корист имаат Русија и Америка, истакна лидерот на Левица, Димитар Апасиев во денешното гостување во “Само интревју” на Канал 5.

Во врска со објавите во медиумите дека голем број Руси бегаат од државата а да избегнат мобилизација, Апасиев вели дека вистинските партиоти не бегаат од војна.

– Бегале Русите, па бегаа и нашите во 2001, тие Руси што бегаат се како СДС во 2001 година. Тоа се луѓе кои не ја почитуваат татковината, прав партиот не бега од војна, вели Апасиев.