Connect with us

Македонија

Груевски: 20 години по изградбата, Скопје не може да се замисли без Милениумскиот крст на Водно

Published

on

Фејсбук статус на Никола Груевски:

20 години од изградбата на милениумскиот крст на врвот на Водно, денес еден со симболите на Скопје – пишува Груевски.

Кон крајот на 2001 година бев министер за финасии кога веќе зад мене беше реформата со воведувањето на ДДВ, денационализацијата и враќањето на старите заробени девизи и со голем елан и енергија ги привршувавме последните подготовки за реформата на платниот промет која требаше да започне на 1. Јануар 2002 година.
Со нејзино целосно спроведување наместо преку тогашниот Завод за платен промет кој беше некаков остаток од социјализмот, плаќањата се префрлаа да се одвиваат преку банките, впрочем како што е во целиот свет.
Покрај ова, паралелно се создаваа уште неколку целосно нови институции кои претходно не постоеја во Македонија и каде требаше да преминат огромниот број вработени од ЗПП со потребните дообуки, на чии подготовки паралелно и темелно се работеше во голема работна група на чие чело бев јас. Тие институции беа централниот регистар (ЦР) кој подоцна во 2008 година светската банка го рангираше како најдобар во Европа и шести најдобар во светот, Агенцијата за работа со блокирани сметки(АРБС) 6-7 години припиена кин УЈП , Национална платежна картичка (НПК) која подоцна околу 2005 година владата ја продаде на позната Полска компанија , Клириншки интербанкарски системи (КИБС) преку кој се одвива платниот промет на сите плаќања во земјата до износ до 3 милиони денари (денес до 1 милион денари), а во народната банка (НБРМ) која беше дел од работната група паралелно се работеше на уредување на нов систем преку кои требаше да поминуваат плаќањата над тој износ.

Паралелно се вршеа и последните подготовки за воведување на фискалните каси во Македонија, а се спремаше и проектот PKI (public key infrastructure), кој за жал новата власт на СДСМ по 15 септември 2002 година без причина го стопираше и никогаш не се доврши, што оние кои ја разбираат оваа работа знаат дека е голема штета.

Тоа беа многу крупни и за мене лично како министер кој ја превзема одговорноста ризични реформи кои бараа огромна работа, многу знаење, силна концетрација, искусен тим и натчовечка посветеност. Во Министерството “вриеше” од активности и работа, беше многу “жешко”, се работеше по 12-15 часа без прекин.
Се менуваа многу закони, подзаконски акти и други регулативи. Се правеа и тестираа нови софтвери, набавки на хардвери, едноставно кажано “беше како во врел котел”.
Реформата имаше и скриени противници кои губеа одредени лични позиции или сакаа да создадат страв и недоверба, па мораше дополнително да се внимава на можно диверзии.
Генерално во земјата беше тешко бидејќи сеуште имаше остатоци од воените дејства поврзани со конфликтот од 2001 година, па и во тој дел Министерството за финасии имаше големи предизвици за целосно и навремено буџетски подмирување на сите вонредни финасиски потреби на безбедносните сили на земјата, што успешно и во целост го завршивме.

Ги бев мобилизирал најдобрите потенцијали во државата да помогнат во работната група/комитет за реформата на платниот промет, и во подгрупите или подкомитети како што ги викавме, од универзитетски професори, стручни и искусни лица од повеќе институции, банкари, софтверски инжињери, правници и додатно во некои делови и повремено ангажирани странски консултанти.
Најмала грешка можеше да доведе до хаос и несогледливи последици и штети, при што најмала штета ќе беше моја моментална оставка.
За разлика од времето кога се воведуваше ДДВто во април 2000 година, единствена предност ми беше што веќе беше создадена доверба во мене и мојот тим за тоа што го работиме, па јавноста, за разлика од кога се воведуваше ДДВто, беше релативно мирна.

Во таа гужва и во една таква навидум хаотична но всушност многу прецизна работна атмосфера полна со ентузијазам и адреналин, неколку дена пред новата година ми пристапи некој од соработниците и ме информира дека од сметките на расформираниот ЗПП остануваат некои слободни околу 200 милиони денари (приближно околу 3,3 милиони евра), за кои владата треба да одлучи како би се искористиле.

Тогаш се потсетив дека повеќе од една година, можеби две или три години низ неколку весници и неделници одеше јавен повик до граѓаните и фирмите за собирање донации за изградба на милениумскиот крст на врвот на Водно со анимирина фотографија од истиот како би изгледал кога би се направил.
Некоја НВО на ентузијасти и верници го водеа тоа од кои лично познавав само еден човек-поранешниот министер Ѓорѓи Наумов. Тие се немаа обратено до Министерството за финансии за финасиска помош. Веднаш го побарав по телефон Ѓорѓи Наумов, го прашав колку имаат собрано пари за крстот и колку што се сеќавам сумата беше ниска, околу 10 илјади евра од неколку годишните повици за донации. Го прашав и колку е проекцијата за да целиот се изгради и по кратко време ме информира дека дека е 72 милиони денари, без изградба на замислените ресторанти во постаментот под него кои секако можеа да се изнајмат како простор на приватниот сектор.

Со така собрани информации и со идеја да се реализира проектот за крстот, побарав средба со премиерот Љубчо Георгиевски кого го информирав за сите околу 200 милиони денари слободни средства кои треба владата со одлука да ги распредели и му предложив 72 милиони од нив да се распределат за изградба на милениумскиот крст на врвот на Водно. Тој со восхит го прими предлогот и веднаш договоривме како да се предложи на владата и да се донесе владина одлука. Стравувававме од можна негативна реакција на нехристијанските членови на владата и бевме договориле ако дојде до тоа. Неколку дена или недели подоцна, ја информирав владата за слободните средства од трансформацијата на ЗПП и воедно го дадов предлогот 72 милиони денари да се пренасочат како донација на НВО за изградба на крстот.
Премиерот по моето излагање и предлог праша дали некој бара збор, но никој не отвори некоја суштинска дискусија и предлогот помина без било какви суштински забелешки или негодувања а парите за неколку дена легнаа на сметката на невладината организација иницијатор на крстот.
Понатаму работата си ја превземаа архитекти и градежни фирми па за рекордни 8 месеци се заврши и свечено се пушти милениумскиот крст во употреба.
Нехристијанските членови на воадата излегоа коректни и фер, но низ годините што доаѓаа вклучително кога јас станав премиер помагавме и за реконструкции на џамии, некогаш и учество во изградба на некои џамии, па можам да кажам дека во тој дел на верски прашања речиси секогаш имало разбирање и толеранција со ретки исклучоци.

Милениумскиот крст денес е еден од неколкуте карактеристични и препознатливи симболи на градот Скопје и на Македонија и Скопје веќе не може да се замисли без овој симбол.

Македонија

Поранешни шефови во МВР обвинети за скандал од 3 милиони денари!

Published

on

Кривични пријави против поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против В.В.- пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „помошник директор“ во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во Бирото за јавна безбедност при МВР и В.Н.- пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „началник“ на Секторот за правни работи и заштита на лични податоци во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во БЈБ при МВР, за кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавената како службено лице во текот на 2021 и 2022 година не ја извршила својата службена должност на начин што не спровела правосилни пресуди на надлежен суд, со кои било одлучено за прекинување на договорите за вработување на две вработени лица и дозволила истите да продолжат да работат во Министерството за внатрешни работи. Пријавената не постапила согласно своите надлежности на начин што не ја распоредила примената пошта, во случајот предметните пресуди, до надлежниот Сектор за управување со човечки ресурси и обуки во рамки на Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси и не дала насоки да се постапи по пресудите, односно да се откажат договорите за работа на работниците, и покрај фактот што на критичните денови кога пресудите пристигнале во Одделот со кој раководела, истата била на работа и не дала овластување на друг работник да ја распоредува поштата. Пресудите биле заведени во Секторот за правни работи и заштита на лични податоци, кој немал надлежност да постапува по истите.

Второпријавената во својство на овластено службено лице кога предметните пресуди пристигнале во Секторот со која таа раководела, не ги прочитала со внимание и ги предала да бидат заведени во Деловодникот на Секторот за правни работи и заштита на лични податоци, без притоа соодветно да реагира и да ги врати пресудите до првопријавената , со цел да бидат проследени до надлежниот Сектор за управување со човечки ресурси и обуки заради постапување. Со ваквото дејствие пријавените му нанеле значителна имотна штета на буџетот на Министерството за внатрешни работи на име на исплатени плати и придонеси од работен однос на работниците на кои согласно судските пресуди требало да им биде прекинат работниот однос во МВР во износ од 3.314.870 денари.

Continue Reading

Македонија

[ВИДЕО] Такси возач во Скопје го бранеше својот автомобилот од пајак службата

Published

on

Необична сцена денес снимена во главниот град.

Такси возач во Скопје го бранеше својот автомобилот од пајак службата.

Погледнете го видеото во продолжение:

Continue Reading

Македонија

Тело извлечено од водите на Вардар во гостиварско

Published

on

Пронајдено човечко тело во Вардар кај село Чегране

Вчера околу 18:35 часот, жителот Б.Д. од тетовското село Тумчевиште пријавил во СВР Тетово дека забележал човечко тело во водите на реката Вардар, во близина на мостот кај селото Чегране.

На местото веднаш интервенирале екипи од Територијалната противпожарна единица од Гостивар, кои го извлекле телото од реката. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта.

Случајот е под истрага, информираат од СВР Тетово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк