Connect with us

Македонија

Јагнула Куновска: Јадете се меѓу себе Македонци!

Многу лесно нас губитниците нѐ навикнаа на новиот демократски дострел, кој ни го начучулија македонските послушници на Калето… дозволувајќи да ни висат над глава како претсмртно видение. Нѐ научија да бидеме дури и благодарни, што малку по малку, за дваесетина години сосема нѐ развластија и одменаа од сите државни институции, за да не се мачиме… ама, да бидеме и задоволни што им слугуваме за да нема меѓунационални немири, не дај боже и војна!, од која не се откажале.

Што очекувате бре, Македонци – опозициони пратеници и на какво добро сѐ уште се надевате од арисаниот терорист Џафери? – слезен од планина, каде беше се искачил, малеее искачил!, не за да брка мечки по Шара, или на некоја полјана да ги потврди своите пеливански вештини, туку како борец за човекови права со нож во рака, да тетовира по кожите на Македонците… на грбот да им го испишува знакот „УЧК“… да им ги сече пенисите на масакрираните бранители и да им ги набива во скоченетите усти… Очекувате да се промени?

И во рамнина исто како во горнината од која слезе, неговата нарав и здивениот лик му останаа исти, а мисловните комбинации кои не ги крие само му се згуснуваат, стеснувајќи му ја растреперената свест до курцшлус. Тој во себе носи ѓаволско послание на кое се ветил и штом му се препуштивте на неговите, за вас познати виденија, не барајте од него законски да постапи, да го удоволи нашето право на референдум кое се коси со неговиот личен став. Знаете дека има слаби нерви и дека може лесно да збесне…

Што мислевте кога во македонското Собрание бандитот го поставија – „на челу колоне“? Поточно, кога го прифативте како идејно потчинети заробеници, потамина, да ве раководи и води… „уз уску стазу… на врху лед, крш, блато наоколо…“, сега трпете, трпете како да нема чаре… и однесувајте се спрема неговиот ќеиф… и да му се плашите, зашто набилдан е со еруптивна сила… и суетата може да му зоврие… и да рикне!

И како народ не се освестивме навреме, па заслуживме со оглав од дебела ортома да нѐ води заедно со туѓиот платеник и претставник, квази-политичарот Османи, „кој јунак се најде и изнајде“ непречен од никого (ЗОШТО?), македонските национални интереси и личните интегритетски права, потајно да ни ги средува со Бугарите, – да ни ги одзема, брише… онака како што на големоалбанската и големобугарската насока им одговара „добрососедската“ комбинација. Осилен, гледајќи дека како мутлаци пред него молчиме, и не преземаме дејствие за да го отстраниме, го забрзува процесот…

Нема друг народ во светот кој во денешно време дозволува и трпи таков срам и понижување во себеисчезнувањето, не преземајќи ништо! (тој и други, на клоци да бидат отстранети од владиното дувло!). Знаеме ли што правиме со самите себе и вака замолчени кај ќе ни биде крајот по патот кој го врвиме, определен од друг?

Албанските политички партии го поддржуваат „добрососедскиот“. Тој ним им одговара… па одат дотаму што велат – нема враќање назад! Тоа е отворена непријателска себичност и закана? Слично и Османи – користејќи ја нашата негрижа за самите себе, упорен во своето настојување што побрзо да ја заврши својата фашистичка агенда, си дозволи диктаторски да се поставува и по однос на нашето суверено право за референдумско изјаснување, по прашање за кое сметаме дека е од особен интерес за нас Македонците, но не и за него, па заповеда: – „Не само да НЕ МОЖЕ, туку НЕ СМЕЕ да има референдум“ за „добрососедскиот“, зашто ТОЈ, заедно со Преспанскиот и Охридскиот китаб (ја пропушти Тиранската…), ти биле СТОЛБОТ на државата во евроатлантските интеграции… Го прогласува за еднонационално барање!? кое НЕ СМЕЕ ДА ПОМИНЕ! А, измени на Уставот? – Да! – Тоа му треба, но не и на нас… Останува прашањето: – Од каде ја црпи таа сила за настојчивост и дрскост така самоуверено да настапува – наредува, забранува и работи како што лично на нему му одговара? И уво да не го боли што без овластување, решава туѓ „еднонационален“ идентитетски проблем, забранувајќи за истиот на референдум да се произнесеме НИЕ, на кои тој проблем се однесува?!

Ете така Македонци недоветни политичари, сегашни и вчерашни властодршци, главени кај газдите Албанци кои отворено гледаат со ваша помош да ја распарчат македонската земја, го донесовте на дереџе мнозинскиот македонскиот народ, од конститутивен столб на сопствената национална држава АСНОМ-ска Македонија, да спадне на малцински обесправен челад, за да сега се потпира на Охридскиот „столб“, кој е побратим со Преспанскиот и Бугарскиот по однос на безобѕирното сотирање на сѐ што е Македонско во земјата Македонија.

Наградата за покажаната недоветност и небудност, ни следи на нас народот… а ве следи и вас, сѐ додека не се осуните, расвестени, таму кај што заслуживте да се најдете – спружени помешечки… мочковци од Македонци, божем водачи на народот…

Ова не ни се случува „сефте“, ама којзнае кој ни е, и каде ни е крајот… Недоветните политички накази од осамостојувањето на Македонија нѐ пратат и се покажаа кога капитулантски се сложија касапите од планина да слезат и да ги прифатиме како победници, само и само за да останат на власт. По заповед, ги амнестираа и им се понудија да им се најдат дур да ја завршат, мирнодопски, започнатата работа… Пак да го тероризираат македонскиот народ, ама сега од рамнина и на демократски начин. Чизмите, замолени, ги качија на таван, а патлаците нека ги носат наденати на појас, под сакото со кое ја заменија униформата. Нека им личеат… Им дадоа и власт, на секој од командантите државничка фотелја, за да водат некоја важна државна институција како дива и нерегистрирана фирма, со „неограничено овластување“. И пенкало да држат во рака им е дадено на „борците“, – кој знае да се потпишува… „ни бастун, ни синџир…“.

Многу лесно нас губитниците нѐ навикнаа на новиот демократски дострел, кој ни го начучулија македонските послушници на Калето… дозволувајќи да ни висат над глава како претсмртно видение. Нѐ научија да бидеме дури и благодарни, што малку по малку, за дваесетина години сосема нѐ развластија и одменаа од сите државни институции, за да не се мачиме… ама, да бидеме и задоволни што им слугуваме за да нема меѓунационални немири, не дај боже и војна!, од која не се откажале. – Нека, нека има мир… па нека си ја исполнуваат нивната агенда… Кога наша немаме, нивната ќе ја дрочиме…

Целата колумна на следниов линк

Advertisement

Македонија

Македонските деца сè порано пробуваат цигари и алкохол: Првата цигара на 9 години, алкохол на 13

Резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажуваат загрижувачки тренд кај македонските ученици – дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првиот контакт со алкохол најчесто се случува околу 13 години.

Истражувањето било спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици и укажува и на значителен пораст на употребата на електронски цигари. Повеќе од една четвртина од учениците пробале е-цигари, а секој десетти ги користел во изминатиот месец.

Алкохолот останува најраспространета психоактивна супстанца меѓу адолесцентите, при што момчињата почесто пријавуваат рана употреба, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси третина од учениците првпат консумирале алкохол на 13 години или помлади.

Иако помал обем се регистрира и употреба на седативи без рецепт, канабис и коцкање, овие појави се особено присутни кај машката популација. Надлежните институции предупредуваат дека овие трендови бараат засилени и современи превентивни мерки.

Од Министерството за образование и наука информираат дека училиштата веќе спроведуваат програми за превенција на злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и изборен предмет за здравствена писменост. Институтот за јавно здравје нагласува дека резултатите од ЕСПАД треба да послужат како основа за подобрување на политиките и заштита на здравјето на младите.

Continue Reading

Македонија

АХВ засилено ги контролира детските новогодишни пакетчиња: дел од нив повлечени поради неточни декларации

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за да ја провери безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите беа извршени во магацини за пакување, маркетите и продавниците кои ги пласираат овие производи.

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите и непотполни декларации, инспекциските служби издадоа 4 решенија за повлекување на пакетчиња од промет. Дополнително, двајца оператори со храна добија наредби за ставање на комплетни збирни декларации на пакетчињата.

Од спроведените 262 инспекциски надзори, не се изречени парични казни и не е поништена ниту една храна како небезбедна. Во споредба со ланската сезона, кога беа утврдени сериозни неправилности како погрешни ознаки, истечен рок на употреба и промени во својствата на производите, годинава се забележани само минимални недоследности кај операторите.

АХВ најавува дека контролните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се осигура безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Итни мерки против аерозагадувањето активирани и во Скопје

По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки за справување со аерозагадувањето се активираат и во Скопје, откако мерните станици регистрираа надминување на дозволените концентрации на штетни честички во повеќе скопски општини. Зголемената магла дополнително ја влошува состојбата, а високи нивоа на загаденост се забележани и во други градови низ државата.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на јавното здравје, со посебен фокус на заштита на најранливите категории граѓани.

Согласно владините мерки, работодавците имаат обврска да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, како и лицата кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

Лекарите, особено пулмолозите, апелираат граѓаните да го ограничат престојот на отворено на минимум, доколку нема итна потреба. Според нив, најкритични се раните утрински и доцните вечерни часови, кога концентрациите на загадувачки честички се највисоки. Доколку е неопходно движење, се препорачува користење на јавен превоз наместо сопствени возила.

Надлежните институции ги повикуваат граѓаните редовно да ги следат препораките и официјалните соопштенија сè додека трае епизодата на загаден воздух.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг