Апасиев: Ќе висите заедно, намерно не се инвестира во енергетски капацитети

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на Фејсбук обвини дека државата со децении намерно не вложува во енергетскиот систем.

За споредба Апасиев ја зема Босна која произведува 40% повеќе од споствените потреби на струја.

– За тоа колку душмански е руиниран нашиот електроенергетски систем, кој е граден во СФРЈ, доволно е да знаеме дека Босна (која е разорена од војните во 1990-те) денес произведува 40% повеќе струја од што троши. А ние? Епа, нас ни фалат 50% од потребите за струја, и истите ги увезуваме по енормни цени, оти државата намерно не инвестира во нови капацитети, за да профитираат приватните фирми на политичарите.

#Национализација