ЕПОХАЛНО решение за штедење: Дојди душо да штедиме струја! (Видео)

Почна да застудува, а за препораките за штедење струја слушаме секојдневно – некои се во паника што да се прави и веќе се бараат алтернативи за топлење, а во истовреме и за штедење. Фолкерот од соседството, по име Раде Јоровиќ „решение“ имал во ракав уште во 1985 година кога и објавил многу интересна песна со наслов „Дојди душо, да заштедиме струја“.

Во многу емотивниот рефрен овој музички херој го има епохалното решение – најдобро е тој и неговата сакана заедно да заштедат струја – ем штедење ем уживање и сето тоа обвиткано со превезот на мистеријата затоа што тоа ѝ го предложил со шепот (другите да не слушнат).

Кога добро ќе се размисли предлогот на Јоровиќ и не е така лош, сега некој може ќе се кае, некој не, ама сигурно ќе се заштеди и нема да ви е ладно.