Connect with us

Македонија

Комисијата на Министерот Сали одлучи: Нема лекарска грешка во смртта на 25 годишниот пациент од Берово

Published

on

Нема лекарска грешка во третманот на 25 годишниот пациент од Берово кој почина пред еден месец на КАРИЛ по интервенција на заб во Штипската клиничка боленица, јави Сител. Така заклучила стручната комисија формирана од министерот за здравство. Беким Сали вели дека според извештајот кој му бил доставен од Комисијата, на младиот беровчанец навремено му била пружана лекарска помош, но инфекцијата не можела да се спречи.

– Според наодите кои се најдени во институциите и документацијата дознаваме дека се испочитувани сите стручни фази за пружање навремени стручни услуги кон пациентот. Меѓутоа целата компликација настанува поради системско проширување на инфекцијата во целиот организам на пациентот и не можноста за реагирање, смирување или намалување на таа инфекција, изјави Беким Сали, министер за здравство.

Иако преку допис до Министерството за здравство побаравме јавноста да го види извештајот од стручната комисија, не го добивме. Не беа соопштени ниту имињата на лекарите кои го правеле надзорот.

Што предизвикало сепса кај пациентот треба да покажат анализите на Институтот за судска медицина по направената обдукција. Овој извештај го чека и обвинителството, откако за случајот отворија предмет по допрен глас. 

Македонија

Воз 411 повторно на шините: Ново поглавје за железничкиот сообраќај

Published

on

По подолго време, патничкиот воз 411 101-102 повторно е во функција, носејќи надеж за подобрување на железничкиот транспорт. Ова е чекор напред за патниците и железничката инфраструктура. Среќен пат и нека е аирлија!

https://www.facebook.com/share/v/17yGnoWMdm/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading

Македонија

ВАЖНО Известување од Ски центар Попова Шапка

Published

on

Почитувани посетители,

Апелираме за време на викендот да не ги паркирате возилата на коловозна лента бидејќи пајак службата на општина Тетово во соработка со СВР – Тетово ќе бидат присутни за регулирање на сообраќајот. Од вечерва возилата што ќе бидат непрописно паркирани на коловозна лента ќе бидат отстранети и ќе се превземат соодветни законски мерки.

Ви благодариме за соработката!

Continue Reading

Македонија

Празнична магија: Битола како зимска метропола

Published

on

Широк Сокак блеска во празнична атмосфера

Со празнични светилки, раскошни елки и топла енергија, Битола оваа година го привлекува вниманието како зимска метропола. Широк Сокак, срцето на градот, е претворен во магична сцена која ги плени и локалците и посетителите.

Гордост и заедништво кај битолчани

Празничното украсување го поттикна чувството на гордост кај локалното население, кое масовно се вклучува во активностите: од организирање на концерти до учество во новогодишни базари.

Битола оваа зима е повеќе од град – таа е вистинска празнична бајка!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк