Ќути таму и затни се, јас морав да се повлечам – Во АД Водостопанство се местат тендери?!

Требаше да се отфрлат и двете. Му викам мора преку архива да ти помине како не сваќаш, документ официјален. -Кренав џева ама на крај кога ми рекоа ќути затни се морав да се повлечам.

Ова е дел од аудио снимка која ја објави ТВ21, а на која како што велат зборува член на комисијата која разгледувала тендерска постапка. Имено, акционерското друштво Водостопанство објавило тендер за чистење на речното корито на „Пчиња“ кај село Катланово. Се пријавиле две компании. Тендерот го добила фирмата „Лас Вегас“ која немала архивски број на документите.

Сомнителен тендер во А.Д Водостопанство?! - Едното плико било отворено пред тендерската постапка