Connect with us

Скопје

Малолетнички се степаа во Дебар Маало (ВИДЕО)

Published

on

Вчера во скопската населба Дебар Маало се случи уште една масовна тепачка меѓу малолетници. Најпрво на социјалните мрежи се појавија видеа и информации за инцидентот пред сендвичарница во Дебар Маало, а од МВР ја потврдија информацијата. На видеото се гледаат турканици на поголема група ученици кои во еден момент почнуваат да бегаат.

Р.М.(44) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на улицата „Орце Николов“, во близина на сендвичарница, четири малолетнички, по вербална расправија, физички ја нападнале неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, причина било претходно недоразбирање околу нарушени другарски односи на училиште. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Видео:

https://www.facebook.com/gavriloski/videos/404680425172455/

Скопје

Висар Ганиу: Структурите на Алијансата разочарани од Таравари, враќањето кај ДУИ е неразбирливо

Published

on

Градоначалникот на Општина Чаир и претставник на коалицијата ВЛЕН, Висар Ганиу, во интервју за вестите на Алсат М изјави дека веќе нема официјална комуникација со Арбен Таравари и неговата група во рамките на Алијансата за Албанците, оценувајќи го нивното враќање кај ДУИ како неразумен и разочарувачки потег.

„Немаме официјална комуникација со г. Таравари. Понекогаш се јавуваат, бидејќи имаме наши луѓе и таму, и според информациите што ги добиваме од структурите – од луѓе кои се калени и ја имаат основано Алијансата за Албанците или изградиле идеологија спротивна на ДУИ – тие се многу разочарани,“ изјави Ганиу.

Тој додаде дека е невозможно рационално да се објасни што се случува со Таравари и неговите политички соработници: „Ние не можеме ниту да замислиме, ниту рационално да објасниме што се случува со Таравари и неговата група во Алијансата за Албанците, бидејќи нема ни една година откако се повлекоа од коалицијата со ДУИ, знаете со каков наратив – дека се корумпирани – а по една година се редат или прават коалиција со партија чии функционери талкаат по судови и затвори поради екстремен корупциски криминал, и партија која е негратирана од меѓународната заедница.“

Ганиу оцени дека овој потег не е во согласност со принципите што претходно ги следеше Алијансата за Албанците и претставува сигнал за силен пресврт кој ја разочара и самата база на партијата.

Continue Reading

Скопје

Полициска акација во Арачиново: Бројни екипи на терен

Published

on

Бројни полициски екипи со тешки возила, се позиционирале денес на стратешки места во Арачиново, пишува 4news. Засега нема официјални информации за акцијата.

Регионoт на Арачиново често е во центарот на операциите против криминални групи.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Велики Петок е потсетник на вистинските вредности и жртвата што носи надеж

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по повод Велики Петок, упати порака на длабока тага, стравопочит и духовна преобразба, повикувајќи на покајание, добрина и човечност.

„Најстрашен и најкрвав од сите денови во историјата – ден кога луѓето го распнале Бога, а Бог ги спасил луѓето“, напиша Ѓорѓиевски, потсетувајќи на симболиката на денот кога Исус Христос, преку своето страдање и распнување на Крстот, ја покажа најголемата љубов кон човештвото.

Заедно со бројни верници од Скопје, Ѓорѓиевски ја посети црквата „Св. Петка“, каде што во тишина и молитва се соединиле со значењето на Велики Петок, носејќи во срцата смиреност, благодарност и надеж.

„Тоа е ден кога секој од нас треба да застане пред себе, да се потсети на вистинските вредности и да се насочи кон добрината, сочувството и простувањето“, истакна тој, додавајќи дека Христовата жртва е инспирација за посветеност на љубовта, правдата и човечноста.

Градоначалникот Ѓорѓиевски од срце им посака на граѓаните овој Велики Петок да донесе мир во душите, светлина во мислите и сила во срцата, со вера, надеж и радост да се дочека Воскресението.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк