Connect with us

Свет

Потресни сцени низ Русија: Студенти се ловат низ универзитети, жени плачат по своите мажи (ВИДЕО)

Published

on

Ден по прогласувањето на делумна мобилизација, во руските воени центри владее хаос, пренесуваат медиумите.

Повиците почнаа да доаѓаат на полноќ, истиот ден кога рускиот претседател ја донесе одлуката и најави мобилизација. Дури и наставниците од училиштата споделуваат покани, учениците ги вадат од факултет, додека жените плачат и, како што пишува Гардијан, сцените се многу потресни.

Многу Руси веќе ја напуштија земјата бегајќи од војната, многумина се уште се обидуваат, а оние што останаа чекаат да видат дали ќе бидат еден од 300.000-те што ги спомна министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Многу Руси започнаа демонстрации против мобилизацијата и да одат во војна, но се стравува дека во реалноста Путин ќе мобилизира многу повеќе од 300.000 луѓе бидејќи повиците почнаа да пристигнуваат во оддалечените мали градови.

Одлуката за делумна мобилизација предизвикаа „бегање“ од Русија до блиските земји, но и панично барање авионски билети кои достигнаа рекордни цени.

Дури и за летот од Москва до Белград цените на билетите вчера достигнаа меѓу 1.600 и 5.600 долари.

Поголемиот дел од летовите на „Ер Србија“ меѓу Москва и Белград беа распродадени вчера. Според податоците на веб-страницата на оваа компанија, првите слободни термини се 25 и 26 септември, а потоа и 9 октомври.

Фото и Видео: Инстаграм/Твитер

Свет

Вознемирувачко: Пристигнуваат снимки од разорниот земјотрес во Мјанмар. Се урна облакодер во Бангкок

Published

on

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Стотици луѓе во тајландската престолнина Бангкок во паника излегоа од зградите откако почувствуваа дека земјата се тресе, јавува Ројтерс.

Според Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS), епицентарот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалеј, кој има околу 1,2 милиони жители. Околу 12 минути по првиот земјотрес, втор силен последователен потрес со јачина од 6,4 ја погоди областа.

Пристигнуваат информации за урнати згради во Мјанмар и Бангкок.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Свет

Виктор Орбан: ЕУ се подготвува за војна

Published

on

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел се подготвува за војна, иако, како што наведе, во моментов нема закана од војна.

„Нема закана од војна, Унгарија нема да војува со никого. Остануваме на страната на мирот и ако Европа започне војна, ние сигурно нема да влеземе во неа“, рече Орбан на прес-конференција, пренесе МТИ.

Орбан рече дека во моментов не се чини дека Европа е под непосредна закана од војна и дека е многу малку веројатно дека „некој би нападнал членка на НАТО“.

Според него, оние кои се подготвуваат за војна обично го прават тоа за да иницираат „некој чин на војна“, додавајќи дека во моментов се водат политички подготовки за подлабоко вклучување во конфликтот.

Унгарските семејства, рече Орбан, не треба да преземаат посебни мерки, пренесува Танјуг.

Continue Reading

Свет

ПУТИН ЌЕ ИСПРАТИ ВОЈНИЦИ НА АРКТИКОТ Рускиот лидер ги коментираше плановите на Трамп за Гренланд

Published

on

Прашањето за Гренланд нема никаква врска со Русија, но ние сме загрижени поради фактот што земјите од НАТО сè повеќе го признаваат далечниот север како упориште за можни конфликти. Русија сигурно ќе ги брани своите интереси на Арктикот, бројот на војници таму ќе расте, изјави рускиот претседател.

Русија ќе ги брани своите интереси на Арктикот и бројот на војници таму ќе расте, изајви рускиот претседател Владимир Путин пред членовите на Меѓународниот арктички форум., јави Скај Њуз. Путин ја коментираше состојбата со островот Гренланд за кој американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати изјави дека сака да го припои кон САД.

– Би било голема грешка да се мисли дека ова е само некоја ексцентрична приказна за новата американска администрација, бидејќи не е. Слични планови првпат беа јавно претставени во Вашингтон во 1860-тите, но предлогот за анексија на Гренланд и Исланд беше одбиен од Конгресот во тоа време. Овие планови имаат длабоки историски корени и очигледно е дека САД ќе продолжат да ги туркаат своите геополитички, воени и економски интереси на Арктикот. Прашањето за Гренланд нема никаква врска со Русија, но ние сме загрижени поради фактот што земјите од НАТО сè повеќе го признаваат далечниот север како упориште за можни конфликти. Русија сигурно ќе ги брани своите интереси на Арктикот, бројот на војници таму ќе расте. Русија ќе одговори и на вклучувањето на Финска и Шведска во активностите на Алијансата – рече Путин.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк