СЕ САМОУБИ МОМЧЕ НА 20 ГОДИНИ – чувал 40 напуштени кучиња, на соседите им пречеле, организирале петиција

Згасна уште еден млад живот, се самоуби младиот хуманитарец Горан Карановиќ, а од него се прости Здружението за заштита на напуштени животни WagWag.

Денеска е еден од најтажните денови за напуштените животни. Горан Карановиќ си го одзел животот.

Крена рака затоа што на неполни 20 години не можеше да го издржи притисокот на оние кои континуирано го пријавуваа. Тие испратија полиција до неговата врата поради 40-тина кучиња кои ги сакаше со целото свое срце. Кои ги гледаше дење и ноќе. Во својот дом ги носел болните, скршени, раскрвавени и вложил максимални напори да им обезбеди лекување и убав живот.

Секој ден им се закануваа дека ќе ги однесат. Денес победија оние на кои животните им пречат. Тие го завршија животот пред неполни две децении. Оние стари, нервозни, поткупени, лути на себе и на сите околу нив на кои им пречи кога кучињата лаат ја потпишаа петицијата да се уништи. И овој млад живот им пречеше.

Горан, чувај ни го Рекс. Грижете се за сите шепи кои некогаш ве напуштиле прерано.

Единствена утеха е што од денес ќе имаат вистински ангел кој ќе ги сретне кога ќе не напуштат, пишува здружението.