„Јас сум мајка, Италијанка, христијанка“: Која е идната премиерка на Италија? (Видео)

Коалицијата составена од партијата на Џорџа Мелони – Браќа на Италија, партијата Лига на Матео Салвини и партијата Напред Италија на Силвио Берлускони може да смета на 227 до 257 места или на апсолутно мнозинство во парламентот со оглед на тоа што освоила меѓу 41 и 45 отсто од гласовите, покажуваат излезните резултати од вчерашните избори во Италија.

Тоа, според резултатите, би значело дека оваа коалиција е на пат да формира нова влада во Италија. Според излезната анкета што ја објави РАИ, левицата предводена од Енрико Лета добива меѓу 78 и 98 места со освоени 25,5-29,5 % од гласовите. Движењето Пет ѕвезди на Џузепе Конте е на третото место со 36-56 пратеници или освоени 13,5-17,5 % од гласовите.

Погледнете ги ставовите на Џорџија Мелони новата премиерка на Италија.

„Жена, мајка, Италијанка и христијанка“

„Јас сум Џорџа, јас сум жена, јас сум мајка, јас сум Италијанка, јас сум христијанка. Тоа никој нема да ми го одземе“, им рекла Мелони на приврзаниците во центарот на Рим.

Таа фраза станала лајтмотив на политичкиот подем на Џорџа Мелони од лидерка на маргинална партија со корени од италијанската неофашистичка десница до идна премиерка. „Бог, земја, семејство“, е слоганот под кој Мелони ја водела кампањата, а станува збор за слоган кој го користеле фашисти.

„Ако сме повикани да управуваме со оваа земја, ќе го правиме тоа за сите Италијанци со цел обединување на луѓето и фокусирање на тоа што не обединува, а не тоа што не раздвојува. Време е за одговорност“, вели таа.

MEM & J - Io Sono Giorgia (Giorgia Meloni Remix)