Connect with us

Балкан

Хит во Нови Сад: Луѓе точат млеко во центарот на градот

Published

on

Во понеделникот новосаѓани добија млекомат, па кога одат на пазар можат да наточат и свежо млеко донесено од фарма на Фрушка Гора.

Како што е најавено, млекоматот ќе работи 24 часа, а во понудата има кравјо по цена од 1.30 евра и козјо млеко по цена од 1.70 евра. Пред консумирање млекото мора да се свари бидејќи не е преработено, туку е органско.

До идејата продавачите дошле откако сличен концепт виделе во странство. Од десната страна на апаратот може да се купи и шишенце доколку корисниците не понеле од дома, а од левата страна се става точниот износ на посакуваниот производ затоа што апаратот не враќа кусур.

Граѓаните сметаат дека покрај тоа што ќе добијат свежо млеко, млекоматот ќе им помогне на фармерите да добијат реална цена за својот производ.

Балкан

Жариште на птичји грип во живинарска фарма во Тирана

Published

on

Семејна живинарска фарма во населбата Мезез во Тирана е жариште на птичји грип(Х5Н1). Извршена е контрола и се преземат соодветни мерки, објавија медиумите во албанскиот главен град.
Во меѓувреме се врши проверка и во други фарми во поблиските места за да се потврди дали има и други случаи.

– Надлежните издадоа забрана за продажба и тргување на отворен простор и пазари за жива живина, како и за движење на жива живина од фарма до фарма и од фарма до сточни пазари, додаваат медиумите.

Исто така не се дозволува движење на живи птици без овластување од официјален ветеринар, без извршен PCR тест и потврда дека птиците се негативни на болеста птичји грип.

Од Институтот за јавно здравје попладнево информираа дека засега нема регистриран случаи со птичји грип кај човек.

Continue Reading

Балкан

Се уште тресе во Грција: Пет земјотреси за 20 минути

Published

on

Уште еден посилен земјотрес ја стресе Грција предмалку, петти по ред во 20 минути. Последниот земјотрес е со магнитуда од 4.2 степени по Рихтер, малку послаб од оној првиот со јачина од 5.3 степени по Рихтер.

Сите земјотреси се со ист епицентар, на 62 километри од Солун, а овој пат земјотресот беше на длабочина од 8.3 километри.

Останатите земјотреси беа нешто послаби со магнитуда од 2.7 и 2.3 степени по Рихтер.

Сите земјотреси беа почувствувани и во повеќе делови на Македонија каде значително се занишаа домовите на граѓаните.

Continue Reading

Балкан

Топло добредојде за Еди Рама во Солун: Настава на албански јазик и јасна порака до грчката крајна десница

Published

on

Албанскиот премиер Еди Рама беше топло пречекан во Солун, Грција, каде се сретна со припадници на албанската заедница.

Рама изјави дека 50 албански наставници во Грција наскоро ќе почнат да го предаваат албанскиот јазик.

Тој исто така додаде дека концептот на грчката крајна десница за „Северен Епир“ е завршен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк