Убиен терористот во Ижевск: Најмалку шест жртви, меѓу кои и деца (Видео)

„Денеска полицијата доби дојава за пукање во училиштето број 88 во градот Ижевск. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот. Се преземаат мерки за приведување на осомничениот“, соопштија од прес-службата.

Шефот на Удмуртија, Александар Бречалов, соопшти дека во престрелката во училиштето е убиен чувар, а меѓу децата има жртви и повредени.

Руската полиција го уби терористот во Ижевск. Тој носел црна кошула со црвена свастика. На рамките од пиштолите со црвена боја пишува „Омраза“.

Видео е објавено од Истражниот комитет на Руската Федерација.

Според официјалните бројки вкупниот број на починати е 13 лица, меѓу кои 7 деца.