,,Васко Жабата” тепаше, немаме среќа против Бугарија ни во фудбал

Македонската фудбалска репрезентација со 1-0 е поразена од Бугарија во последниот меч од Лигата на нации, клучна беше 14. минута кога останавме со играч помалку поради црвен картон на Тодоровски.

Македонските навивачи направија жешка атмосфера, на Арената „Тодор Проески“ имаше повеќе од 20.000 навивачи, но тие разочарани го напуштија стадионот од она што го видоа. Клучниот момент на натпреварот се случи уште во 14. минута кога Тодор Тодоровски поради опасен старт доби директен црвен картон, Македонија рано во мечот остана со фудбалер помалку.

покрај тоа што игравме со фудбалер помалку, бевме рамноправни, но не можевме да бидеме и подобри од Бугарите. Првата посериозна закана ја имаше нашата репрезентација, Ристовски шутираше силно од далечина, но Наумов го одбрани неговиот удар. По пет минути игра во второто полувреме, брз контра напад на Бугарите кој го реализираше Десподов за водство од 1-0.

На десет минути пред крајот Алиоски имаше уште една шанса, неговиот шут заврши крај голот на Бугарија. Во самиот финиш од мечот се случи и инцидент кој го почнаа Барди и Кирилов, а се вклучија многу фудбалери од двете екипи, но мешаницата беше брзо расчистена.

 Последната шанса да избегнеме пораз ја имаше Дориев, но Наумов го одбрани неговиот удар.  По овој пораз Македонија падна на третата позиција на табелата, Бугарија пред нас, на второто место го заврши натпреварувањето, прва е Грузија, а последен Гибралтар.