Јакимовски: Народот постапува според емоции, не е виновен, виновни се тие што го водат

Народот секогаш е во право! – напиша синоќа на својата Фејсбук страница, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. 

И тој реагираше на атмосферата која се одиваше на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија, откако имаше забелешки и осуда од бугарската страна за ширење говор на омраза на трибините. И македонското Министерството за надворешни работи се приклучи кон осудување на скандирањата и навивањето во арената „Тодор Проески“ во Скопје. Јакимовски со поинакви гледишта за темата:

-За разлика од многу мои колеги јас НЕ ги осудувам вчерашните скандирања на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија, напротив тоа е реалната слика. Народот реагира затоа што изминатиот период е манипулиран и потценуван од страна на нашите политичари од актуелната власт и од опозицијата. Не, колеги политичари, не е народот грешка, народот постапува според своите емоции и чувства и не е тој виновен туку може да се виновни само оние кои го водат. Затоа јас ги поддржувам граѓаните и нивниот искрен емоционален, национален крик. Да живее Македонија, глава горе македонци! – напиша Јакимовски.