Connect with us

Европа

Новата премиерка на Италија: “Не сум родител 1, родител 2, јас сум Христијанка – ќе го браниме Бога, татковината и семејството”

Published

on

,,Јас не можам да се кажам Италијанка, христијанка, жена, мајка. Не! Морам да бидам граѓанин Х, род Y, родител 1, родител 2. Јас морам да бидам број.

Затоа што кога сум само број, кога повеќе немам ни идентитет ни корен, дури тогаш сум совршен роб на милоста на финансиските шпекуланти. Совршен потрошувач“.

Вака гласи говорот кој ги стаписа левичарите во Италија, а им даде надеж на десничарите. Тврдите ставови на новата премиерка Џорџа Малони, која влегла во политиката членувајќи во организација поврзана со фашизам одекнаа по социјалните мрежи.

Мелони ги брани семејните вредности и националниот идентитет наспроти конзумеризмот. Таа најавува дека дошла на функцијата бидејќи „огнови ќе се запалат за да сведочат дека два и два се четири“, цитирајќи го Гилберт Честертон.

– Денес бараме одговори на следниве прашања. Зoшто фамилијата е непријател? Зoшто семејството е толку застрашувачки поим? Има само еден одговор на овие прашања. Затоа што тoа нè дефинира. Затоа што тоа е нашиот идентитет – вели Мелони и додава:

– Затоа што сè што сме, сега е непријател за оние кои не сакаат да бидеме свои и просто сакаат да бидеме робови на конзумеризмот.

Затоа удираат по националниот идентитет, затоа го напаѓаат верскиот идентиет, па родовиот и во крајна линија семејниот идентитет – продолжува премиерката.

– Затоа се плашат од нас. Затоа ова предизвикува толку многу страв. Затоа што ние не сакаме да бидеме само бројки. Ние ќе ја браниме вредноста на човекот. Секој еден човек. Бидејќи секој од нас има единствен генетски код што е неповторлив.

Им се допаѓало тоа или не, тоа е светост. Ние таа светост ќе ја браниме. Ќе го браниме Бога, татковината и семејството. Нешта од кои некои се гадат.

Ќе ги браниме за да ја одбраниме нашата слобода, бидејќи никогаш нема да бидеме робови и прости конзументи во милост на финансиските шпекуланти – подвлекува Џорџа, а потоа зборува за нејзината мисија, за огнот и за мечот на кои „им е дојдено времето“:

– Тоа е нашата мисија. Затоа дојдов јас овде денес. Пред повеќе од век, (Гилберт) Честертон напиша: „Огнови ќе се запалат за да сведочат дека два и два се четири. Меч ќе се извади за да се докаже дека лисјата на лето се зелени – театрално завршува Мелони.

– Дојде време, Господа. Спремни сме. Ви благодарам.

Видео:

https://fb.watch/fQcH_4SX5Z/

Европа

Масакр во Шведска: Полицијата потврди дека загинале околу 10 лица

Published

on

Полицијата на прес-конференција во 18 часот соопшти дека во нападот во училиштето Oребро загинале околу 10 лица.

„Не можеме да бидеме попрецизни од тоа. Работиме на идентификување на убиените“, велат тие.

Напаѓачот од претходно не и бил познат на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам.

– Веќе нема никаква опасност, соопшти полицијата.

Полицијата не дава информации за возраста на жртвите.

Мотивот за овој страшен настан е непознат, тврди директорот на градската полиција Роберто Еид Форест, но се чини дека не станува збор за тероризам или организиран криминал.

Неколку шведски медиуми јавуваат дека 11 лица загинале, а неколку други се повредени. Претходно беше соопштено дека во Универзитетската болница се згрижени шестмина повредени.

Continue Reading

Европа

Нема да ви се верува, ама во Германија за ова плаќаат неверојатни 6230 евра и бараат работници?! 

Published

on

pari

Но и покрај добрата заработувачка, во Германија ова речиси никој не сака да го работи

Многу наши граѓани заминуваат да го бараат своето подобро утре во поразвиените земји од Европа, а најголемиот дел од нив нема никогаш да се врати во Македонија.

Нивните животи едноставно продолжуваат таму, а Македонија секојдневно се празни, посебно низ помалите градови.

Една од земјите во кои најчесто заминуваат луѓето од нашата земја е Германија, каде не морате секогаш да сте на некоја висока позиција за да заработите неверојатна сума на пари гледано од наша перспектива. Имено, во оваа развиена европска држава многу работни позиции кои кај нас се гледаат со потценување, но и кои во нашата земја најчесто се мизерно платени, таму не само што се заработува пристојно, туку и се поплатени од многу други.

Станува збор за работни позиции за кои не ви треба академска титула, но кои во исто време и не се баш популарни во Германија.

Еве некои од нив:

Гробар

Како што може да се прочита во германските медиуми, денес ретко кој од младите во Германија прифаќа да се занимава со оваа работа. И бидејќи нема многу заинтересирани, а истовремено станува збор и за дејност во која тешко некој може да останете без работа, за оваа позиција платата е далеку од лоша. Па така, според статистиката преку 25 % од гробарите заработуваат и повеќе од 3.762 евра бруто месечно, а оние што ќе го научат занаетот и многу повеќе.

Но секако не треба да се заборави дека станува збор за поприлично тешка работа, посебно ментално, наведуваат германските медиуми.

Пастор

Покрај гробарите, во Германија добро се платени и свештените лица, а исто така и оваа работа не е премногу популарна. Според порталот „Gehalt.de“, еден пастор во Германија има просечна бруто месечна плата од околу 6230 евра, но за да станете свештено лице во Католичка црква потреби се околу седум години, додека за протестантите се бара дури и нешто повеќе, па така овие работни позиции не се популарни кај младите, иако свештените лица најчесто добиваат и службен стан така што вкупните трошоци им се помали.

Извор: glamur.mk

Continue Reading

Европа

НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ: Еве што ќе ви треба кога ќе го воведат

Published

on

Новиот систем за влез/излез (ЕЕС) најверојатно ќе биде имплементиран во текот на 2025 година, додека системот ЕТИАС ќе следи неколку месеци подоцна.

Според податоците на официјалната веб-страница на Европската унија, имплементацијата на системот за регистрирање граѓани кои не се членки на ЕУ кои патуваат на краток престој во 29 европски земји треба да започне во 2025 година, додека ETIAS ќе биде оперативен шест месеци по имплементацијата на EES. 

Во декември 2024 година, Европската комисија предложи почеток на системот за ЕЕС и им даде на земјите-членки шест месеци да го спроведат.

EES првично беше најавен за 10 ноември 2024 година, но поради неизвесност за непречено функционирање беше одложен со најава дека ќе се применува постепено, а не на сите гранични премини на ЕУ одеднаш, како што првично беше најавено.

Се очекува ЕУ да ги објави точните датуми оваа година.

Што е EES систем?

Системот за влез/излез (EES) е автоматизиран ИТ систем за регистрирање на државјани кои не се членки на ЕУ кои патуваат на краток престој, секој пат кога ќе ги преминат границите.

Нови системи за патување: Еве што ќе ви треба за да ја преминете границата

EES ќе функционира така што ќе бара биометриски податоци како отпечатоци од прсти и фотографија на граничните премини, покрај вашиот пасош.

Системот ќе се применува на граничните премини на следните земји: Бугарија, Хрватска, Унгарија, Романија, Словенија, Грција, Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Исланд, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Словачка, Шпанија, Шведска, Швајцарија.

Што е системот ETIAS?

Системот ETIAS ќе вклучува издавање одобрение за патување кое ќе чини седум евра, кое патниците ќе треба да го добијат пред да го започнат своето патување во Европа.

Тој ќе биде поврзан со пасошот на патникот и ќе важи до три години или до истекот на важноста на пасошот, кое и да е прво.

Ќе биде потребна дозвола ETIAS за влез во: Хрватска, Бугарија, Романија, Унгарија, Грција, Словенија, Австрија, Белгија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Исланд, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија , Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Словачка, Шпанија, Шведска и Швајцарија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк