Сметките за струја, сега наспроти лани – Грабеж!

Граѓаните, фирмите, институциите, јавните претпријатија и општините се соочуваат со предизвикот за редовно намирување на месечните сметки за испорачана електрична енергија. Податоците за висината на сметките за енергија се загрижувачки, а само долгот на некои најголеми потрошувачи кон еден од најголемите дистрибутери во земјата достигнува над 35 милиони евра.

За струја должат болници, јавни институции и претпријатија, приватни фирми, училишта… Од различни извори доаѓаат информации за фрапантно високи сметки за струја во однос на минатата година. Колку за илустрација, здравствени организации што претходно плаќале месечно по две-три илјади евра за струја, сега се исправени пред предизвикот да платат неколку десетици илјади евра месечно! Кај стопанските субјекти состојбите се веројатно уште полоши.

Нивните првични пресметки покажуваат дека сега за електрична енергија треба да плаќаат речиси десеткратно повеќе. Ништо подобра не е состојбата ниту со општините, локалните претпријатија, училиштата итн.

Од општините во Полошкиот Регион деновиве предупредија на сериозноста на „струјниот“ удар под кој се наоѓаат локалните претпријатија, институции и училишта.

За илустрација, последната месечна сметка за струја во ОУ „Братство Миѓени“ во Тетово стигна до 72.000 денари за околу 2.200 киловати, а дополнително следуваат зимскиот период и сезоната на греење. Ова училиште во зимскиот период троши околу 15.000 киловати и, според новите цени, ќе треба да плаќа 450.000 денари месечно! На ова треба да се додадат и трошоците за затоплување на училниците и за набавка на 30.000 литри нафта за домаќинство.

Колку за споредба, претходно добивале многу пониски сметки за потрошена енергија.

Во Заедницата на единиците на локалната самоуправа имаат извештаи за висината на месечните сметки за електрична енергија, но, како што велат, не можат да даваат поединечни податоци за некоја локална самоуправа.

– Во споредба со минатата година, сметките за електрична енергија се драстично повисоки. Генерална оцена е дека трошоците за струја се повисоки за пет-шест пати. Како ЗЕЛС, сме оствариле три средби со претставниците од централната власт.

На последната средба со министерот за економија Крешник Бектеши беше посочен и проблемот со примената на новиот тарифник за електрична енергија, со кој за локалните самоуправи се пресметуваат повисоки износи за потрошена струја од страна на снабдувачот со електрична енергија.

Од Општина Гостивар пристигна и предлогот за измени во следењето на наставата во училиштата, преку продолжување на распустот или со преминување онлајн настава, за која лично сметам дека е несоодветно решение за одржување квалитетна настава, ако се има предвид и претходното искуство во периодот на пандемијата.

кога не можеме да дадеме и понуда за свадба што би се одржала следната година! Со пополнетост на капацитетите од 20 до 30 отсто, работењето за големите хотели е неисплатливо, а затворањето или отпуштањето на работниците станува поизвесно – вели Крсте Блажевски, претседател на ХОТАМ.

Од асоцијацијата на големите хотелски објекти во Македонија забележуваат на нееднаквите услови за стопанисување во однос на помалите и средните капацитети за сместување, за кои важат поповолни услови за набавка на електрична енергија.

Од ХОТАМ потсетуваат на фактот дека домашното хотелиерство носи значаен девизен прилив и предлагаат од државата да се најде начин да се обезбеди електрична енергија под гарантирани цени од домашното производство на енергија.

Со драстично зголемени сметки за електрична енергија се соочуваат и во здравствениот сектор, без разлика дали станува збор за приватно или јавно здравство. И таму бараат разни начини како да одговорат на предизвикот за големиот струен удар да не го загрози нивното нормално функционирање и да не се одрази врз пациентите.

vecer.mk