Connect with us

Македонија

(Видео) Левица ја поднесе референдумската иницијатива до ДИК

Published

on

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев денеска на прес-конференција пред Државната изборна комисија соопшти дека е поднесена рефернедумската иницијатива на Левица до ДИК.

– Очекуваме да немаме проблеми како со претходната иницијатива на ДПМНЕ, бидејќи иницијативата е правко коректно напишана согласно чл. 24 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјанување на граѓаните.

Очекуваме до крајот на неделата да бидат собрани оние законски минимум општини, ги повикуваме граѓаните, во 30 општини ќе се собираат потписи.

Бидејќи Законот не дозволува правно лице да ја поднесе иницијативата, јас како физичко лице првопотпишан сум официјален предлагач на иницијативата.

Очекуваме следната недела да ја почнеме собраниската процедура без Џафери да изигрува уставен судија, 150.000 потписи очекуваме да се соберат до крајот на оваа календарска година.

Апасиев во одговор на новинарско прашање истакна дека не очекува Џафери да ја одбие иницијативата бидејќи доколку се случи тоа ќе следува целосна блокада на Собранието.

  • Тој не е надлежен да се впушта во толкување на референдумското прашање но и доколку се случи тоа прашањето е интелигентно срочено по примерот на референдумот за Преспанскиот договор, вели Апасиев.

Тој додаде дека досега нема разговарано за поддршка од останатите политички партии но доколку има потреба ќе се разговара со сите, а бојкотот на референдумот ќе биде анти ЕУ бидејќи непосредното изјаснување на граѓаните не може да биде анти ЕУ.

ЛИНК од видеото/

Македонија

Околу 200.000 домови без струја во БиХ поради снежните врнежи

Published

on

Електропривреда БиХ од Федерацијата БиХ соопшти дека од 04:00 до 10:30 часот без напојување со електрична енергија останале приближно 180.000 корисници.

Околу 200.000 домови во северозападниот дел на Босна и Херцеговина (БиХ) денеска останаа без струја поради дефекти предизвикани од обилните снежни врнежи, соопштија електроенергетските компании од двата ентитета.

Електропривреда БиХ од Федерацијата БиХ соопшти дека од 04:00 до 10:30 часот без напојување со електрична енергија останале приближно 180.000 корисници.

„Благодарение на брзите интервенции на екипите за електрична инсталација, повеќето дефекти се санирани и во моментов околу 60.000 корисници се без струја“, соопшти Електропривреда БиХ.

Според компанијата, најтешка е состојбата во Унско-санскиот кантон, односно во Бихаќ, Босанска Крупа, Чазин, Сански Мост и Велика Кладуша.

Електрокраина од Република Српска соопшти дека снежните врнежи предизвикале дефекти на повеќе од 50 среднонапонски далноводи во дистрибутивната област на таа компанија.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е предизвикан од паѓање на гранки и дрвја на столбовите, како и поради кршење на спроводници под тежината на снегот, се вели во соопштението.

Continue Reading

Македонија

Приведен тетовец со потерница – испратен на издржување затворска казна!

Published

on

На 23.12.2024 на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.О.(42) од Тетово,  кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „кражба“. Тој бил предадено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Continue Reading

Македонија

Уапсен крадец во Тетово – 23-годишник осомничен за тешка кражба!

Published

on

На 22.12.2024 во 21.30 часот на улица „Иво Рибар Лола” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, поради основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“ го лишиле од слобода З.Џ.(23) од с.Желино, тетовско. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.  

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк