Connect with us

Македонија

Владата ќе се освежува со политичарите со поминат рок Пенов и Шилегов

Откако поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, потврди дека ја прифатил понудата да биде министер за локална самоуправа во Владата, денеска се погласни се гласините во политичките кулоари дека ќе следат уште неколку рокади во тимот на премиерот Димитар Ковачевски

Како што изминатите седмици се зборуваше, Пенов решил активно да се врати во политиката и да го води ресорот што ѝ припаѓа на неговата Либерално-демократска партија, а кој досега го водеше актуелниот лидер на ЛДП, Горан Милевски, кој поднесе оставка од должноста.

Покрај тоа, се шпекулира дека премиерот ќе оди во ремонтирање на својот владин кабинет со свои сопартијци, па Миле Зечевиќ кој дојде на позицијата генерален секретар на СДСМ со преземањето на Ковачевски на владејачката партија, ќе го замени Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи.

Според истите извори, поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, ќе биде згрижен во Министерството за транспорт и врски на местото од Благој Бочварски.

Засега нема информации на кои позициите би заминале досегашните социјалдемократски министри кои ги поолнуваат двата споменати ресора. Неодамна, во медиумите се пишуваше за наводен судира на две фракции во СДСМ, во обидот Ковачевски да воспостави целосна сопствена контрола во некои важни државни институции.

Македонија

Целосен хаос на границата: ‘Евзони’ блокиран, колони товарни возила и автобуси заглавени и кон ‘Ники

Драматични промени на границите кон Грција. Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) денеска алармира за сериозни блокади кои го менуваат режимот на сообраќај, особено на еден од најфреквентните премини.

Од 11 часот денеска, граничниот премин „Евзони“ (Богородица) е комплетно затворен! Возилата немаат никаков пристап – ниту за влез, ниту за излез од земјата. Возачите се соочуваат со тотален прекин на патувањето на овој важен коридор.

На граничниот премин „Ники“ (Меџитлија), ситуацијата е делумно подобра, но блокадата удира по економијата: забрана за минување има само за товарни возила и автобуси.

Единствена светла точка е „Дојран“, кој засега функционира непречено, нудејќи им алтернатива на оние што мораат да патуваат.

И покрај хаосот на границите, од АМСМ смируваат: сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот е умерен, а на македонските гранични премини нема долги задржувања.

Но, предупредувањето е силно и важи за сите! АМСМ потсетува дека законската обврска за поседување зимска опрема е во сила до 15 март, без оглед на моменталното „топло“ време. Ова не е препорака, туку закон.

Сојузот строго препорачува максимална внимателност, почитување на сигнализацијата и прилагодена брзина. Особено се критични делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои висок ризик од одрони:

Планирајте го вашето патување внимателно и избегнувајте го „Евзони“ до следно известување.

Continue Reading

Македонија

Запленети 4.333 пиротехнички средства кај Штипјанец – откриена голема пратка

Празничната еуфорија доби горчлив вкус за еден 47-годишен жител на Штип, кој синоќа беше лишен од слобода откако полицијата пронашла цел арсенал пиротехнички средства на неговата тезга на централниот плоштад „Слобода“.

Акцијата на Секторот за внатрешни работи (СВР) – Штип резултираше со запленување на вкупно 4.333 парчиња разновидна пиротехника. Првично, во 20:15 часот, полициските службеници на тезгата на М.Н. (47) од Штип, пронашле и одзеле 1.340 парчиња петарди и други пиротехнички направи.

Но, тоа бил само почеток.

Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на уапсениот, каде е откриена дополнителна, огромна количина – уште 2.993 парчиња експлозивни материи.

Лицето е задржано во полициска станица, а јавен обвинител е известен за случајот. По комплетирање на документацијата, против штипјанецот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, дело за кое се предвидени затворски казни до десет години.

По овој случај, Министерството за внатрешни работи утринава со жесток апел до граѓаните – да се воздржат од употреба на пиротехника за време на новогодишните празници.

„Петардите не се играчка! Нивното користење е строго забрането, а празничното пукање може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки, ненадоместливи и трајни последици“ – нагласуваат од МВР.

Портпаролот Гоце Андреевски посочи дека активностите против пиротехниката се континуирани и со засилена динамика пред и за време на празниците, со цел да се подигне свесноста кај младите и нивните родители.

МВР најавува засилени акциски контроли за санкционирање на користењето и нелегалната продажба.

Законот за прекршоци против јавниот ред и мир предвидува глоби за неовластена употреба. Кривичниот законик (член 396) за нелегално тргување и држење експлозивни материи, пак, предвидува затвор од три до десет години. Доколку се работи за поголема количина или забранети средства, казната е најмалку пет години затвор.

Министерството, во соработка со невладините организации, ги повикува и родителите да не им купуваат пиротехника на своите деца за да се избегнат трагични последици.

Граѓаните се охрабруваат да ги почитуваат законските прописи и сите нарушувања да ги пријават на полициските телефонски броеви 192 или 112.

Continue Reading

Македонија

Мигрантска акција кај Гевгелија: петмина од Египет пронајдени, едно лице приведено

Полицијата изврши брза акција во близина на Гевгелија, која резултираше со апсење на еден шверцер на мигранти и откривање на група од пет лица кои илегално влегле во земјата.

Вчеравечер, околу 20:30 часот, на локацијата позната како „Нова Петла“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода Р.Р. (28) од скопското село Копаница.

При претрес во неговото возило „Пежо“ со гостиварски регистарски таблички, затечени се пет лица – мигранти по потекло од Египет, кои биле предмет на криумчарење.

Мигрантите веднаш се пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, каде ќе им биде пружена соодветна грижа.

Против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за криумчарење мигранти по целосно документирање на случајот, со што се испраќа остра порака дека надлежните органи нема да толерираат илегални активности од овој вид.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг