Connect with us

Македонија

Болницата во Гостивар добила ШОКАНТНА СМЕТКА ЗА СТРУЈА зголемена за 800% – 2,8 милиони денари за еден месец

Гостиварската општа болница „Ферид Мурад” може да се соочи со сериозни проблеми во натамошното работење, откако трошоците за електрична енергија се зголемија за над 800 отсто.

До скоро, оваа здравствена установа плаќаше 3,7 денари за киловатчас, а во последната фактура, достигнал 36 денари.

За состојбата, управата на болницата ја информираше јавноста преку официјалниот профил на социјалните мрежи и наведуваат дека веднаш по владините препораки започнале со примена на мерките за заштеда на електрична енергија.

– Ние како институција ги презедовме сите неопходни мерки (ограничувања) за намалување на потрошувачката на електричната енергија, но со анализата што ја направивме наредните месеци, ќе биде неиздржливо, стои во објавата.

Од документите со анализа, се прави споредба со фактурите за истиот период во последните 4 години (август 2018/2019/2020/2021 и 2022 година) доставени од добавувачите Fuente Dynamics и ЕВН групацијата.

Заради поскапувањето на електричната енергија, фактурата за август 2021 година во однос на фактурата за август 2022 година бележи пораст од 451 отсто. Болницата треба да плати за август 2022 година 2.800.517 денари (45.536 евра).

Болничката управа бара начин за надминување на состојбата и најавува проблеми во извршување на редовните обврски.

– Заради проблемите со кои сме соочени, со жалење може да констатираме дека доколку оваа висока цена на струјата продолжи и во наредните месеци, ќе биде многу тешко да се менаџира, функционира и да се реализираат сите проекти и основни планови, наведуваат од раководството на ЈЗУ Општа болница „Ферид Мурад”.

Пишува Слободен печат.

Македонија

Проданоски: Св. Климент Охридски е светилник на нашето образование и традиција

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до православните верници и до сите сограѓани по повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото исклучително значење за македонската духовна, културна и просветителска традиција.

„Денес го славиме споменот на еден од најважните духовници, учители и просветители во македонската историја – светителот кој ги постави темелите на словенската писменост, ја создаде Охридската книжевна школа и го зацврсти македонскиот духовен и културен идентитет,“ истакна Проданоски.

Тој нагласи дека богатото наследство на Св. Климент и денес е силен столб врз кој почиваат нашите образовни и духовни вредности, потсетувајќи дека неговото дело продолжува да инспирира генерации ученици, наставници и интелектуалци.

„Нека делото на Свети Климент не води кон мудрост, добрина и човечност. Нека празникот ни донесе мир, здравје и благосостојба,“ порача градоначалникот, завршувајќи со традиционалната честитка:

„За многу години!“

Continue Reading

Македонија

Коњановски со честитка: Светиклиментовата мудрост да нè води кон подобро општество

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод големиот државен и христијански празник Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна и културна традиција.

Во својата порака, Коњановски нагласи дека Македонската православна црква со особена почит го одбележува денот на својот патрон, нарекувајќи го Св. Климент „чудотворец, просветител и столб на македонската духовност“.

„Првиот македонски архиепископ и творец на Охридската книжевна школа остави длабока трага во просветителството, книжевноста и црковниот живот. Неговото дело е значајно не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет“, истакна градоначалникот.

Коњановски потсети дека Свети Климент со своето неуморно просветителско дело го образувал, просветлувал и облагородувал народот, поставувајќи силни темели на духовниот и културниот развој.

„Да продолжиме да делуваме во духот на хуманоста, разбирањето и меѓусебната почит. Светиклиментовото дело нека биде наша водилка во стремежите за создавање подобра иднина за нас и за генерациите што доаѓаат“, порача тој, истакнувајќи ја и важната улога на битолските образовни институции кои го носат името на големиот просветител.

Градоначалникот ја заврши честитката со традиционалната порака:

„Нека е честит и вековит празникот Свети Климент Охридски.“

Continue Reading

Македонија

Следува многу потопол период – температурата ќе достигне до 17 °C оваа недела

Според најавите од УХМР, во текот на следната седмица Македонија ќе се соочи со необично топло време за декември. Дневните температури се очекува да се искачат до 17 степени Целзиусови, што ќе донесе значително затоплување и ненормално високи вредности за овој период од годината.

Според прогнозата, времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, а во претпладневните часови по одделни котлини може да се појави магла. За викендот се најавува стабилен и сув метео-услов, без значителни врнежи.

Ова затоплување доаѓа по неколку денови со нестабилно време и температури над просекот — но новиот топол бран ги изненади граѓаните со необична реткица утринска отсутност на ладно.

Граѓаните се охрабруваат да ги искористат поволните услови за надворешни активности, но и да бидат подготвени за брзи промени во времето, како што е можна магла на ниски места или повремени ветрови во попладневните часови.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг