КОВАЧКИ: Дали во 2001 се криеше под јорган – КОВАЧЕВСКИ ЗБЕСНА: Лопови, насилници, кодоши, неработници…

– Што ако сите во 2001 година го следеа вашиот пример и се криеја под јорган? Кога најголем дел од граѓаните застанаа во одбрана на државата, кога сите кумановци облекоа униформа, Ковачевски бил подготвен да трпи за леб и за вода, ама само да не учествува во војната. Тој одбил да ѝ служи на државата со тоа што приложил документ дека е трајно неспособен. Јас не познавам цивилизирана држава во која лице кое одбило да ја брани станало премиер. Тоа лице не смее да води ниту една институција и не смее да има пристап до највисоките државни тајни. Таквото лице седи на маса со НАТО членки. Ако Ковачевски еднаш лажирал документ, тогаш ќе лажира и по вторпат. Тој е опасност за НАТО. Тоа лице кое одбило да ја брани својата држава со тоа што лажирало документ за трајна неспособност не смее да раководи со војска. Македонија ја води во бездна човек кој ќе направи сѐ за да го прикрие тоа што денеска се срами – рече Ковачки.

– Тоа се случи во 2000 година, пред да се случи воениот конфликт во 2001 година. Ниту сум бил првиот, ниту последен таков случај. Јасно, гласно и целосно ја соопштувам вистината. Оваа група овде, од опозицијата, се лопови, криминалци, насилници, неработници и кодоши. Се растураат внатре помеѓу себе заради делење пари и тендери како овој последниот од 136 милиони евра. Цело раководство им е осудено на десетици години затвор поради криминал. Освен криминал и фотелји, за граѓаните воопшто не се заинтересирани. И видете кој човек говори за војска – Ковачки. Тоа е човек кој додека бил во АРМ издавал информации, тргувал со нив, навредувал колеги и колешки. Мизерија од човек. На следните избори и Собранието ќе се исчисти од такви како него – кратко одговори Ковачевски.

Бидејќи вие граѓаните заслужувате да ги знаете сите информации, факти и да знаете кој е каков, и како политичар и како човек пред се!

Јас, Димитар Ковачевски, од самиот почеток како премиер ветив дека ќе ја зборам само вистината, директно, цело време!
Во 2000-тата година согласно сите законски процедури, базирани на Законот за одбрана од 1992 година, член 51 и во рамки на јавна, повеќестепена процедура, врз основа на мислење на стручни лица-доктори на медицина, а заради мој здравствен, абдоменален проблем, со кој сеуште се соочувам, се регистрираше мојата неможност за служење на воената обврска.

Не јас самиот, не моето семејство, туку непознати за мене лица, во регрутните комисии констатирале таков факт!

И тоа во 2000-тата година, пред да се случи воениот конфликт и криза во 2001 година!

Ниту сум бил првиот ниту последниот таков случај, базиран на објективна медицинска состојба!