ВИДЕО: Гранка удри репортер додека известуваше за ураганот во Флорида, колегата го молеше да се врати во студио

Ураганот Ијан ја погоди Флорида, а за екстремните временски услови известуваше од терен и метеорологот Џим Канторе.

Во 58 годишниот метеоролог на „The Weather Channel“ во еден момент удри голема гранка додека тој известуваше во живо, при што Џим ја загуби рамнотежата. Поради јачината на ветерот тој имаше потешкотии да се исправи и да продолжи.

Претходно, во текот на денот, Џим беше изненаден од удар на гром во негова близина.

Колегите во студиото гледајќи ја ситуацијата го замолија да се засолни или да се врати во студиото од каде можат да го продолжат разговорот за ураганот кој ја опустоши Флорида.

Ураганот предизвика катастрофални поплави и прекин на електричната енергија низ американската сојузна држава, пренесува АП.

Повеќе од 2,5 милиони жители на Флорида, на брегот на Мексиканскиот залив, добија наредба или предупредување да се евакуираат бидејќи се приближуваше ураганот Ијан, кој претходно ја погоди Куба.

Гувернерите на американските сојузни држави Јужна Каролина, Северна Каролина, Џорџија и Вирџинија прогласија вонредна состојба како мерка на претпазливост.