Милица качена на дрво го покажа задникот а Карлеуша и порача да се симне и да и го донесе ајварот што го ветила

Милица Павловиќ не престанува да привлекува внимание, а нејзината последна објава на Инстаграм се граничи со пристојност. Пејачката облече едноделен танга костим за капење во кој позираше и во прв план го покажа својот задник.

Милица се качи на прекрасно дрво каде застана со грб кон камерата и позираше за да ги направи фотографиите што е можно попровокативни. Долгата руса коса ја врза во пунџа, но на  сите три слики, акцентот беше ставен на нејзиниот извајан задник.

Павловиќ за оваа пригода избра црн костим за капење со крем пруги.

На следбениците на пејачката веднаш им се допадна нејзината објава на социјалната мрежа Инстаграм, а Јелена Карлеуша меѓу првите остави коментар:

– Прекрасна слика! А сега слези од дрвото и донеси го ајварот што го вети – напиша Карлеуша со насмеани емотиконски срца.

Вонредна вест: Во Скопје прегазен малолетник на велосипед

Вчера утро во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„12-та Македонска Бригада” и ул.„Илија Димовски-Гоче” во Скопје, патничко моторно возило „хонда” со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Т.(50) од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Синко ти ја посакувам целата среќа: Мицкоски го испрати првачето во школо

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го испрати синот Антониј на првиот училишен ден. Антониј е прваче.

-Првиот училишен ден на Антониј. Синко ти ја посакувам целата среќа на Светот, да учиш и напорно да работиш за тоа што те чека во животот. Да научиш да се бориш и тогаш кога ќе паѓаш и само така да успеваш. И до сите други родители многу успеси и среќа на нивните деца, напиша на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска го испрати својот син во прво одделение, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Вонредна вест: Директорот на „Лукоил“ пронајден мртов – наводно паднал од 6-ти спрат од болница

Претседателот на управниот одбор на втората најголема руска нафтена компанија „Лукоил“, Равил Маганов, е пронајден мртов во двоорт на Клиничкиот центар во Москва. Како што пренесуваат руските медуими, од непознати причини, паднал од шестиот спрат на болницата во која бил хоспитализиран. Засега нема коментар од „Лукоил“, вели Ројтерс.

Маганов паднал утрово, а неговото тело било најдено подоцна од медицинскиот персонал на ЦКБ. Дел од шпекулациите се дека тој лежел во болница заради проблеми со срце, и дека станува збор за самоубиство бидејќи претходно му била дијагностицирана депресија.

Маганов работеше во Лукоил од 1993 година, кратко време по основањето на компанијата, и го надгледуваше рафинирањето, производството и истражувањето, а претседател стана во 2020 година. Неговиот брат Наил е шеф на рускиот производител на нафта од средна големина Татнефт.

Равил Маганов беше близок соработник на еден од основачите на Лукоил, Вагит Алекперов.

Алекперов, поранешен советски заменик-министер за нафта, поднесе оставка од функцијата претседател на Лукоил во април, една недела откако Британија му го замрзна имотот и му забрани да патува како дел од санкциите поради воените дејствија на Русија во Украина

БЕГ ГИ ОЛАДИ СКОПЈАНИ: Наместо 14%, сметките повисоки за 100%

За над 100 отсто повисоки сметки за парно добија скопјани за месец август. Граѓаните кои се јавија во редакцијата на СДК се пожалија дека од БЕГ им стигнале сметките за парно, иако месецот не е завршен.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на 29 јули донесе одлука цената на парното да се зголеми за 14 отсто, што е многу помалку од зголемувањето на сметките кои сега ги добиваат граѓаните.

-Првпат се случува да добиеме сметки пред да заврши месецот. Ај што стигнаа порано, туку се повисоки за 100 отсто. Зошто стигаат олку високи сметки, кога поскапувањето требаше да биде само 14 проценти, прашува еден од граѓаните.

Збогум тато: Почина таткото на пратеничката Рашела Мизрахи

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи на социјалните мрежи се прости од својот татко.

Нејзиниот татко Виктор Самуел Мизрахи почина на 72 годишна возраст.

– Збогум тато. Велеше да се живее со достоинство, чест и образ на земјата, значи да се има мир на небото. До следно видување. Виктор Самуел Мизрахи (1950-2022), напиша Мизрахи на социјалните мрежи.

Од денеска капење и перење по потреба – Стапува на сила кризната состојба со електрична енергија

Одлуките на Владата за кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија низ државата и топлинска енергија во Скопје денеска стапија на сила и ќе важат 30 дена.

Тие две одлуки владата на Димитар Ковачевски ги донесе на 25 август, како што беше објаснето, поради недостигот на струја и состојбата на пазарот на електрична енергија и немањето топлинска енергија, можноста за користење алтернативно гориво.

Тие се усвоени на предлог на Управниот комитет за координација во системот за управување со кризи на Македонија.

Претходно, во ноември минатата година, во земјава беше прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, за да може државата да интервенира од буџетот за да се зголеми ликвидноста на енергетските компании за производство и пренос на електрична енергија, ЕМС и МЕПСО, како и за увоз на електрична енергија во случај на евентуални дефекти во електраните.

Тогаш, на 9 ноември 2021 година, владата на Зоран Заев прогласи криза во снабдувањето со електрична енергија за 30 дена, по што истата беше продолжена до 9 јуни 2022 година, поради „недостигот на струја и состојбата на пазарот на електрична енергија“.

Поради цената на струјата се затвараат пречистителните станици – Фекалиите ќе одат директно во реките

Пречистителните станици во Македонија, односно институциите кои раководат со нив, се соочуваат со неможност да ги платат високите сметки за електрична енергија. Тие институции најавуваат дека нема да бидат во можност да ја прочистуваат отпадната вода, изјави Сретен Стојковски, директорот на Државниот инспекторат за животна средина.

Тој вели дека ако порано сметките за електрична енергија им била милион денари, сега тие се и осумкратно зголеми.

„Пречистителните станици се актуелни деновиве поради виоските сметки за струја кои им доаѓаат. Одговорните лица на пречистителните станици во градовите каде што ги има, најавуваат дека нема да бидат во можност да ја прочистуваат отпадната вода. За тоа разговарав со раководителот во Управата за животна средина и отпадни води за да направат една информација до Владата“, алармираше Стојковски.

Тој предупреди и на тоа дека есенва голем дел од фабрикике наместо гас ќе користат мазут и други нееколошки горива. Енергетската криза ќе предизвика и зголемено загадување на воздухот, велат од Државниот инспекторат.

Денеска се празнува Светиот маченик Андреј Стратилат

Беше офицер-трибун во римската војска во времето на царот Максимијан. Роден е во Сирија и таму беше на служба. Кога Персијците го загрозија со војска римското царување, на Андреј му беше доверена војска во борба против непријателите. Во таа прилика, го произведоа за војвода, односно стратилат. Бидејќи беше потаен христијанин, иако уште некрстен, Андреј се понадева во живиот Бог, па од мнозинството војници ги избра само најдобрите и со нив појде во битка. Пред битката им рече на своите војници дека ако сите Го повикуваат на помош единствениот вистински Бог Господ Исус Христос, нивните непријатели како прав ќе се распрснат пред нив. И навистина, сите војници вдахновени од Андреј и од неговата вера Го повикаа на помош Христа и извршија јуриш. Персиската војска беше наполно сотрена. Кога победоносниот Андреј се врати во Антиохија, некои завидливци го обвинија дека е христијанин и царскиот намесник го повика на суд. Андреј отворено ја изјави својата непоколеблива вера во Христа. По тешки измачувања намесникот го фрли во затвор и му пиша на царот во Рим. Знаејќи го угледот што го имаше Андреј кај народот и кај војската, царот му нареди на намесникот да го пушти на слобода, но да демне друга прилика и друга причина за да го убие. Во откровение од Бога Андреј дозна за таа царска наредба, па ги зеде со себе сите свои верни војници, две илјади петстотини деведесет и тројца на број, отиде со нив во Тарс Киликиски и таму се крстија сите од раката на епископот Петар. И овде прогонуван од царските власти, со својата дружина Андреј се повлече далеку во ерменската планина Таврос. Таму, во некој теснец, додека сите беа на молитва, пристигна римска војска и ги закла сите до еден. Никој од нив не сакаше да се брани, а сите беа желни за маченичка смрт за Христа. На тоа место каде се излеа потокот од маченичка крв, изби извор со лековита вода, којашто исцелуваше од секакви болести. Епископот Петар дојде потајно со свои луѓе и чесно ги погреба телата на мачениците на она место. Сите чесно пострадаа и стекнаа венци на бесмртна слава во царството на Господ Христос.