На осамени мажи им ветувала БРАК и ги оставала без скршена ПАРА

На осамени мажи им ветувала брак, па им зела грдни пари: Белграѓанка (27) уапсена за дури 600 измами

Во четвртокот, на 29 септември, полициските службеници од полициската станица Савски Венац ја привеле девојката А.Ј.(27), бидејќи во изминатите месеци извршила повеќе од 600 кривични дела – измама.

Мамела така што објавувала огласи на социјалните мрежи и наоѓала осамени мажи, на кои им ветувала брак.

На овој начин ги натерала да и уплаќаат пари, што резултирало со финансиска добивка од над 25 илјади евра.