Кениецот Киплагат е победник на “Скопскиот маратон“, Дарио Ивановски втор!

Утринава низ улиците на Скопје, се одржа “Виз Ер Скопскиот маратон“. Најбрз беше Онезмус Киплимо Киплагат од Кенија, кој патеката ја истрча за 2 часа, 18 минути и 19 секунди. Нашиот Дарио Ивановски заврши втор со време 2 часа, 23 минути и 7 секунди, додека трет беше Никола Илиевски, исто наш маратонец.

Во женска конкуренција победничка беше Кетрин Черотич од Кенија, додека Биљана Кираџиев заврши како втора.

Тоа беше спортски празник низ улиците на главниот град. Во името на спортот, во името на трчањето неколку илјади учесници дадоа свој шарм, како и секогаш досега, па така и денеска.

Беше вистинска привилегија да се меѓу толку насмеани лица, вистински празник на спортот.