Украинците објавија снимки од злосторствата (Вознемирувачко видео)

Украинската служба за безбедност денеска сподели видео на Твитер на кое се гледа „сцена на воено злосторство од страна на руските војници“.

Тие рекоа дека руските војници неодамна пукале врз конвој цивили меѓу окупираниот Сватов во областа Луганск и ослободениот Купјанск во регионот Харков.

„Нападот на конвојот за евакуација на цивили е суровост за која нема оправдување“, изјави денеска украинскиот регионален гувернер.

Украинската безбедносна служба објави дека руските сили гранатирале седум возила од конвојот меѓу окупираните Сватов и Купјанск, кои ги држат Украинци.

Гувернерот на Харков, Олех Синехубов изјави дека се пронајдени 20 тела и дека тоа е „суровост за која нема оправдување“. Засега не се знае кога се случил нападот, но властите претпоставуваат дека се случил во септември.