20 годишниот Васил Јованов, кој ја прегази и усмрти 22 годишната Фросина Кулавкова пред две ноќи на булеварот „Партизански одреди“ е дилер на дрога, уште од времето на минатата власт.
Автомобилот кој го возел му е подарок од семејството и тие знаеле дека го вози без возачка дозвола.
Во март-април 2024 година, тој е фатен со кокаин и амфетамини, по што Судот му определил мерка притвор во траење од 3 месеци.
Потоа Судот со одлука на судијката Даниела Алексовска Стојановска го пуштила на ресоцијализација во ВПД Тетово.
Како што наведува и самиот Кривичен суд, за Васил Јованов сеуште нема конечна, финална пресуда за дилањето дрога.
Кривичниот суд соопшти дека претходните судски постапки кои биле водени против осомничениот Васил Јованов, тој на 31.07.20204 година бил првостепено осуден, со пресуда К.бр. 1439/24 по кој постапувала судијата Даниела Алексовска Стојановска, и тоа за две кривични дела: Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори од чл. 215 ст.1 и чл. 215 ст.1 вв со чл. 22 од КЗ со која пресуда заради неговата возраст, со неполни 20 години, а во согласност со одредбите од Законот за правата на децата, судот му изрекол воспитна мерка : Заводска мерка – Упатување во воспитно поправен дом, каде согласно чл. 48 ст.3 и ст.4 обвинетиот во домот останува најмалку 6 месеци, а најмногу 5 години односно до наполнети 23 години, во која пресуда му се засметува и времето поминато во притвор, по истиот предмет од 02.04.2024 година до 12.08.2027 година.
Согласно Законските одредби од ЗКП по досудена Заводска мерка, мерката притвор не може да опстојува, заради што Јавниот обвинител вложил жалба во однос само на кривичната санкција.
Предметот на 07.11.2024 година е доставен на надлежно постапување на Апелациониот суд Скопје, од каде сеуште не е вратен на евентуално извршување.
Согласно евиденцијата на судот истиот не бил осудуван за друго кривично дело и не се водела друга постапка за други кривични дела. Исто така до овој момент до судот не е процесуирана друга кривична пријава, ниту пак прекршочна пријава од областа на Сообраќајот, а лицето е евидентиран, единствено како малолетник во 2021 година кога му е изречена судска опомена заради нарушување јавен ред и мир.
Значи, стандардно, за вакви случаи на дилери кои се едноставни за докажување, пресудите се донесуваат брзо, со казни затвор од најмалку 1 -1,5 години затвор, но за младиот полнолетник не е донесена конечна пресуда, што му овозможува слободно да се движи и делува.
Да била донесена пресудата од Судот на стандарден и законит начин, тој би бил во затвор, а не во автомобил во кој бил во состојба на дрога или алкохол.
За Судот нејасна е конекцијата кој се создава во јавноста за кривичен предмет кој во прв степен е завршен со Заводска мерка на одредено лице за едно кривично дело, со друго кривично дело кое е сторено 7 месеци потоа.
-Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот после 7 месеци од донесената пресуда со која истиот треба да се институцијализира, може да стори друго кривично дело, па заради тоа требало да биде задржан во притвор? – прашува Кривичен.
За да немаме дилеми кој, каков и за кого одработува обвинителството и судството, да потсетиме дека Зоран Милевски Кичеец, формално во затвор во Струга, учествуваше во сообраќајка во која загина човек, за што доби казна од само 6 месеци.
Извор: vecer.mk