Connect with us

Македонија

,,Им ги чувам празните тетратки на сите ,,тиквари” кои со врски го положиле мојот предмет”

Статус на професорот по Механика од Битола, Дејан Трајковски:

Претседателот и професор Стево Пендаровски на вечерашнава „Топ тема“ на ТВ Телма изјави: “Потребно е да се изврши ревизија на сите дипломи издадени во последните десетина години ”

Да се надоврзам и да му помогнам, да тргнеме со решавање на проблемот започнувајќи од мојот делокруг на работа.

Од 2010 година, после отворањето факултети во сите поголеми села низ државата, моите предмети Динамика и осцилации и Јакост на конструкциите со знаење ги положиле кандидати кои можат да се избројат на прстите од едната рака.

Истовремено, комисија која нема врска од предметите и која самата би паднала на овие испити доколку би ги седнал заеднички – „конзилијарно“ да го полагаат испитот), незаслужено пуштила преку сто кандидати.

Се уште ги чувам сите празни испитни тетратки од кандидатите како доказ.

Сите овие дипломираа, а голем број од нив магистрираа, можеби и докторираа. Сите работидавачи кои ги вработиле можат да бидат сигурни дека имаат примено луѓе со незаслужени дипломи.

Нека дојдат да им ги покажам празните изпитни тетратки.

Можат да им ги побараат и индексите и да видат чиј потпис стои покрај оценките од моите предмети. Ако не е мојот, јасно е како положиле.

Сите тие се кандидати за ревизија и поништување на дипломите. Ако Пендаровски е сериозен во намерата, нека ги донесат кандидатите да им организирам реален испит, каде ќе им потврдам дека нивното знаење е рамно на нула, па веднаш да им се одземат, т.е. поништат дипломите, заедно со магистерските и докторските.

Вака имаме магистри и доктори кои не знаат математика и физика ниту на средношколско ниво, па и пониско.

Самата комисија, пак, ја повикувам на двобој во знаење. Ќе решаваме задачи и ќе изведуваме формули, со еден единствен услов: нема користење книги, белешки и било каква помош од страна. Да видиме колкави стручњаци се за механика и јакост, штом веќе се претставуваат како такви и се нафаќаат да бидат членови на комисија.

Тоа би бил мојот скромен придонес во отстранувањето на штетите што ги прават полни 12 години.

Инаку, самиот универзитет е најмногу виновен за оваа ситуација. Пред десетина години изгласаа одлука, според која секој кандидат после три неуспешни испити може да бара комисија,

СО ИЗЗЕМАЊЕ на предметниот наставник од комисијата. Од што се плашат, па го изземаат наставникот?

Дека ќе го види нивниот образовен криминал? Не тврдам дека примиле мито, но стојам зад тоа дека незаслужено пуштиле преку сто кандидати, што е уште поголем криминал, што лесно се докажува со проверка на знаењето.

Резултатите ги гледаме, станавме карикатура од држава и направија сé, за да му се згади работата на секој чесен професор. Отворија 24 универзитети и потоа се чудат зошто немало квалитет.

Е па нема и нема ни да го има, без затворање на дваесетина универзитети и сведување на постоечките 135 факултети на триесетина. Со еден збор, враќање на состојбата од пред 1991 година.

Advertisement

Македонија

Африм Гаши го проследи барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев до надлежната собраниска комисија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го проследи барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот Јанчев до надлежната собраниска комисија, информираат од законодавниот дом.

Постапката е иницирана согласно Деловникот на Собранието, а Комисијата треба да го разгледа доставеното барање и да даде мислење, по што конечната одлука ќе ја донесат пратениците на пленарна седница.

Од Собранието појаснуваат дека ваквата процедура е редовен институционален процес кога надлежните органи бараат укинување на имунитет со цел да се овозможи водење на понатамошна постапка.

Засега нема дополнителни информации за роковите во кои Комисијата ќе постапува, ниту за деталите поврзани со предметот, но се очекува институциите да постапат во рамките на своите законски надлежности.

Continue Reading

Македонија

25% од граѓаните не веруваат дека Македонија ќе влезе во ЕУ, 68% од младите планираат заминување од земјава, истражување на “Балкански барометар”

Речиси една четвртина од граѓаните во Северна Македонија сметаат дека земјата никогаш нема да стане членка на Европската унија, покажуваат резултатите од најновото истражување „Балкански барометар“, спроведено на регионално ниво.

Истражувањето открива дека евроскептицизмот расте, особено поради долгогодишниот и неизвесен процес на европска интеграција, политичките блокади и чувството на стагнација. Иако дел од испитаниците и понатаму ја поддржуваат европската перспектива, значаен процент изразуваат сомнеж дека членството ќе се оствари.

Особено загрижувачки се податоците за младата популација. Според анкетата, околу 68 отсто од младите во регионот сметаат дека нивната иднина е во странство, најчесто во земјите на Европската унија, каде гледаат подобри можности за вработување, повисок животен стандард и поголема сигурност.

Авторите на истражувањето наведуваат дека економските фактори, недовербата во институциите и ограничените перспективи за личен и професионален развој се меѓу главните причини за ваквите ставови. Воедно се истакнува дека продолжувањето на реформите и враќањето на довербата во европскиот процес се клучни за задржување на младите во земјите од регионот.

„Балканскиот барометар“ е редовно истражување што ги мери ставовите на граѓаните од Западен Балкан за клучни политички, економски и општествени прашања, а неговите резултати често се користат како индикатор за расположението во регионот.

Continue Reading

Македонија

Приведен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа во рамки на истрага за корупција

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е приведен во рамки на истрага што ја водат надлежните институции, а која се однесува на сомневања за коруптивни дејствија, информираат извори блиски до истрагата.

Според досегашните информации, приведувањето е извршено по наредба на обвинителството, кое спроведува предистражна постапка за наводни злоупотреби поврзани со вршењето на јавната функција. Деталите за случајот засега не се целосно соопштени, со оглед на чувствителноста на истрагата.

Од надлежните институции потврдуваат дека се преземаат повеќе истражни дејствија, вклучително и прибирање документација и испитување на лица, со цел целосно расветлување на настаните. Стафа, како и сите лица опфатени со постапката, ужива претпоставка на невиност до правосилна судска одлука.

Се очекува обвинителството во наредните денови да излезе со официјални информации за предметот, откако ќе завршат првичните истражни активности.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг