Толку од независноста: Кастриот Реџепи во Собранието ќе делува како пратеник на ДУИ!

Пратеникот Кастриот Реџепи , кој одреден период во Собранието делуваше како независен пратеник, ќе ѝ се приклучи на пратеничката група на Демократската унија за интеграција.

– Реџепи во Собранието ќе делува во рамките на пратеничката група на ДУИ, изјавил Изет Меџити за Тв21.

Од друга страна пратеникот Кастриот Реџепи најви дека во четврток ќе излезе пред јавноста со детали за неговото понатамошно делување во Собранието.