Динев Иванов е првиот бугарски интелектуалец кој јавно се извини за сите жртви во Македонија

Во вечерашната „Само Вистина“ гостуваа професорот од Софија, Иван Динев Иванов, кој предава на Американскиот универзитет во Синсинати , САД и политичкиот коментатор Сотир Костов.

Во емисијата Динев Иванов јавно се извини за сите жртви од фашистичкиот период во Бугарија и рече дека бугарскиот цар Борис имал и светла и темна страна во историјата.

Професорот ја негираше соработката на Ванчо Михајлов со Хитлер и фашистите , како и навредите искажани од Михајлов на сметка на македонската нација, но потврдди дека бил терорист.

Професорот од Синсинати, кој дојде во Само Вистина директоно од Софија се согласи и со наводите на Костов дека Македонците биле жртви на прогони и репресии во три војни , Балканската , Првата и Втората светска војна. Тој меѓу другото се заложи и за македонската иднина на ЕУ , каде според него ќе Македонија ќе влезе со зачуван идентитет.

На крајот на емисијата тој јавно се извини за сите жртви на бугарското фашистичко минато. Погледнете го видеото.

Динев Иванов е првиот бугарски интелектуалец кој јавно се извини за сите жртви во Македонија