Connect with us

Балкан

Вучиќ ја исплаши Србија: Страв ми е, повеќе од кога било, од она што доаѓа…

Published

on

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека пред Србија е „тежок период, потежок од оној во деведесеттите години“.

Вучиќ на претставувањето на Собраните дела на Милорад Екмечиќ во Белград кажа дека е загрижен поради глобалната ситуација предизвикана од војната во Украина.

„Повеќе од кога било ми е страв од она што ѝ претстои на Србија“, кажа Вучиќ. Додаде дека верува дека до нова Сталинградска битка ќе дојде многу побрзо отколку што се мисли и дека останува прашањето „каде ќе бидеме ние Србите, што ќе правиме со себе“.

„Ќе успееме ли да го сочуваме левиот или десниот брег на Дунав за себе, а не за некој друг? И со тој завет треба да гледаме во иднината. Екмечиќ знаеше што е потребно за српското срце и српската душа, но секогаш се сеќаваше и што ѝ е потребно на српската глава“, кажа Вучиќ.

Балкан

Почина една од тројцата повредени во падот на натстрешницата во Нови Сад

Published

on

Сега црниот биланс е 15 загинати во несреќата, меѓу нив и македонскиот државјанин Васко Саздовски

Еден од тројцата пациенти, кои беа тешко повредени при уривање на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, почина денеска попладне. Информацијата ја потврди директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов.

 „Станува збор за пациентка со најтешки повреди. И покрај борбата и напорите на лекарите, дојде до смртен исход“, 

изјави Туркулов.

Продолжуваат напорите за спасување на животите на преостанатите двајца пациенти кои се сместени во Клиничкиот центар од 1 ноември, кога врз дваесетина луѓе се урна натстрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад.

Сега црниот биланс е 15 загинати во несреќата, меѓу нив и македонскиот државјанин Васко Саздовски. Сè уште се утврдуваат причините за падот.

Денешните протести во Нови Сад

Во Србија денеска се одржаа нови протести на кои се бараше одговорност од надлежните. Досега оставка даде само министерот за градежништво Горан Весиќ.

Continue Reading

Балкан

Земјотрес ја стресе Албанија, почувствуван и во Македонија

Published

on

Земјотрес со јачина од 3.3 степени по Рихтер предмалку, во 11 часот и 33 минути, ја стресе Албанија.

Епицентарот на земјотресот беше на 24 километри од Подградец, во близина на границата со Македонија, поради тоа беше почувствуван и во некои делови на нашата земја.

Земјотресот беше на длабочина од 10 километри.

Утринава и Македонија беше стресена од послаб земјотрес.

Continue Reading

Балкан

Есенска бајка покрај Костурското Езеро

Published

on

Есенската магија ги разлева своите златни и огнени бои покрај Костурското Езеро, создавајќи неверојатен пејзаж. Мирната вода ја одразува природната убавина на Егејска Македонија, додека прошетките покрај брегот нудат моменти на мир и инспирација. Ова живописно место е идеална дестинација за љубителите на природата и есенските сцени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк