Вучиќ ја исплаши Србија: Страв ми е, повеќе од кога било, од она што доаѓа…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека пред Србија е „тежок период, потежок од оној во деведесеттите години“.

Вучиќ на претставувањето на Собраните дела на Милорад Екмечиќ во Белград кажа дека е загрижен поради глобалната ситуација предизвикана од војната во Украина.

„Повеќе од кога било ми е страв од она што ѝ претстои на Србија“, кажа Вучиќ. Додаде дека верува дека до нова Сталинградска битка ќе дојде многу побрзо отколку што се мисли и дека останува прашањето „каде ќе бидеме ние Србите, што ќе правиме со себе“.

„Ќе успееме ли да го сочуваме левиот или десниот брег на Дунав за себе, а не за некој друг? И со тој завет треба да гледаме во иднината. Екмечиќ знаеше што е потребно за српското срце и српската душа, но секогаш се сеќаваше и што ѝ е потребно на српската глава“, кажа Вучиќ.