Connect with us

Свет

(Видео) Платете ни или да си одиме дома: Руси се бунат за мобилизацијата

Published

on

Група регрути на руската војска, кои неодамна биле мобилизирани, јавно негодуваа и ги повикаа властите да им платат на оние кои се мобилизирани, како што им било ветено, наводно се гледа на снимка која беше објавена од независниот портал Sota Vision.

На снимката, за која се вели дека доаѓа од регионот Омск на југозападот од земјата, се гледаат десетици униформирани регрути, од кои еден ги соопштува барањата – да ги добијат парите и бенефициите кои им биле ветени од властите, а во спротивно да бидат пуштени дома за да си ги прехранат семејствата.

„Имаме прашање. Прво: Ќе има ли плати за оние што се мобилизирани? Зборувам за материјална помош што им е потребна на нашите семејства, тие мора да јадат. Нас можат да нѐ испратат одовде и не знаеме што ќе се случи со нас. Тоа е нашето прво прашање, бидејќи знаеме дека во други региони ги плаќаат мобилизирани и сѐ е стабилно. Се разбира, се надеваме на најдоброто и подготвени сме да одиме. Тука сме, поддржувајте нѐ нас и нашите семејства“, вели мобилизираниот Русин.

Свет

СЕ ВЕЖБАЛА РУТА ЗА ЕВЕНТУАЛЕН НАПАД НА САД Хеликоптерот што се урна во Вашингтон бил за безбедно евакуирање највисоки функционери

Published

on

Хеликоптерот Блек Хок, кој во средата се судри со патнички авион над Вашингтон, бил на вежба на главна рута планирана за евакуација на високи функционери во случај на напад врз САД, соопштија официјални лица.

Воената мисија, наречена „континуитет на владата“ има за цел да ја зачува способноста на американската влада да функционира во такви околности. Поголемиот дел од времето, екипажите како оној што загина во средата превезуваат високи функционери низ Вашингтон, каде што летаат многу хеликоптери.

Но, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет ја откри поврзаноста на соборениот хеликоптер Блек Хок со мисијата на прес-конференција во Белата куќа во четвртокот, нагласувајќи дека тие биле „на рутинска, годишна вежба ноќен лет над стандарден коридор за континуитет на владината мисија“.

За такви мисии ретко се зборува во јавноста, јавија американските медиуми. Тројцата војници кои загинаа беа дел од 12-от авијациски баталјон од Форт Белвоар, Вирџинија, чии должности во националната криза вклучуваа евакуација на претставници на Пентагон.

Во патничкиот авион загинаа 64 лица.

Continue Reading

Свет

Нова авионска несреќа во САД: Паднат авион предизвика пожар, има загинати

Published

on

Мал авион со две лица се урна во близина на трговски центар во Филаделфија, САД, предизвикувајќи голем пожар. Според првичните информации од американските медиуми, во несреќата има повеќе жртви, но точниот број сè уште не е потврден.

Сведоци на настанот изјавиле дека по падот на авионот се слушнала силна експлозија, по што избувнал пожар кој брзо се проширил. Екипи на пожарникари и итна помош веднаш пристигнале на местото на несреќата. Засега не е познато што ја предизвикало трагедијата.

Надлежните служби спроведуваат истрага за утврдување на причините за падот на авионот и евентуалниот број на загинати. Ова е една од неколкуте авионски несреќи што се случија во последните месеци во САД, што повторно го отвора прашањето за безбедноста на малите приватни летала.

Continue Reading

Свет

ИЗРАЕЛКАТА СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО ПРЕЖИВЕА 477 ДЕНОВИ ВО ЗАРОБЕНИШТВО Наама Леви се врати дома откако беше ослободена од Хамас

Published

on

На видеото што го објави израелската армија, Леви напиша на табла: „Конечно дома“, на англиски и хебрејски јазик.

Наама Леви, Израелка со македонско потекло, беше ослободена од Хамас по 477 дена поминати во заробеништво и се врати во Израел. Таа беше дел од групата четири заложнички кои вчера беа ослободени, а нејзиното спасување ја трогна целата земја.

Леви, која беше киднапирана на 7 октомври 2023 година при нападот на Хамас во Израел, конечно се врати дома благодарение на напорите на израелските власти и поддршката од меѓународната заедница.

– Возбудена сум. Знаевме дека овој момент ќе дојде. Не се сомневавме. Помина долго време. Очекувавме тоа да се случи и претходно. Но, ова е тоа, тие се враќаат дома – изјави роднина на ослободената заложничка.

По ослободувањето, Леви и другите заложнички беа пренесени со хеликоптер на израелската армија, каде што први ги сретнале нивните најблиски роднини. На видеото што го објави израелската армија, Леви напиша на табла: „Конечно дома“, на англиски и хебрејски јазик.

Македонската врска на Леви потекнува од нејзината чукун баба, Грасиа Бивас, која била родена во Македонија во 1893 година. Баба Бивас, како девојче заминала во Израел, каде што основала семејство и оставила наследство.

Представници од еврејската заедница од Македонија, како и претставници од роднините на Леви, изразија благодарност за поддршката од македонските власти и нивниот активен ангажман во процесот на нејзино ослободување, врз основа на нејзиното македонско потекло.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк