Connect with us

Македонија

Колку ќе заштедите доколку оваа зима се греете на инвертер клима уред?

Начинот на греење и затоплување на домот станува најважното прашање оваа зима. Како да се загрее домот и што да се користи како извор на топлина. Во овој период дилемата е меѓу греење со електрична енергија или со цврсти извори, меѓу инвертер клими и ТА печки или меѓу пелети и дрва.

Пресметките се движат од потрошена електрична енергија, киловат часови наспроти добиена топлинска енергија, вложените финансии во набавка на дрва и пелети наспроти она што се добива како топлина во домот.

Пелетите, во пресрет на зимата станаа многу барани, дури и побарани од огревното дрво, пред сè поради некогашната пристапна цена, што не е веќе иста. Ланската цена на пелетите во летната сезона беше околу 150 евра по тон, сега се движи од 350 до 400 евра. Ако се занемари поскапувањето, прашање е и дали ќе ги има доволно на пазарот, затоа што има недостаток на суровина што ќе го намали обемот на производство. Дополнително, токму поради помалиот обем на производство, можен е слободен раст на цената на пелетите. Поради сето ова, експертите не можат да проценат до каде ќе расте цената на ова цврсто гориво за огрев, а со сигурност ќе расте. Така ако за една шестмесечна грејна сезона се потребни околу 10 тони, доаѓаме до бројката дека за овие домаќинства се неопходни околу 4.000 евра да ја поминат зимата во топол дом.

Скоро иста е состојбата и со огревното дрво, цената расте а и побарувачката, што дополнително ја зголемува цената. Изминатиов месец цените поскапеа за околу 50 отсто, така што ако регуларната цена на огревното дрво се движи до 3.000 денари, неофицијално порасна на 4.500 денари за кубен метар. Просечно македонско семејство годишно користи до 10 кубни метри огревно дрво. Така, за греење оваа сезона едно домаќинство, и тоа најчесто за греење на само една просторија во домот, ќе бидат потребно од 30.000 до 45.000 денари. Но дополнително огревното дрво треба предвреме да се нарача, најчесто на крајот на изминатата грејна сезона за да биде испорачано во тековната  грејна сезона. На тоа треба да се додадат пари за транспорт, сечење и за цепење и складирање на дрвата.

Сепак, според сето ова греењето на електрична енергија може да биде и најпрактично оваа зима, само доколку се изберат вистински грејни тела. Постојат уреди кои може да ви помогнат да заштедите, а чија потрошувачка на енергија е многу занемарлива. А исто така, постојат уреди кои се најголеми потрошувачи на струја во домаќинството, грејните тела како ТА печки, калорифери и разни греачи.

Додека пак, греењето со инвертер клима е најевтин начин за греење оваа сезона. Пред сè затоа што инвертер клима-уредот овозможува целосно удобно и евтино греење и во однос на потрошувачката и во однос на едноставност и леснотија на користење. Односот на потрошената електрична енергија и добиената топлинска енергија од инвертер клима уредот варира во зависност од квалитетот на уредот.

Потрошувачката на енергија се движи од 0,800kW до 1kW на час континуирано работење на уредот, а за таа количина на потрошена моќност се добива топлинска енергија од 4kW до 6,3kW. ТА (термоакумулациона печка) од 3kW троши електрична енергија за да дистрибуира 3kW топлинска енергија, и тоа препорачливо е да се загрева ноќе на евтина тарифа, во спротивно потрошувачката расте. Електричен котел од 6kW троши 6kW за добиените 6kW топлинска енергија. Со еден збор, сите грејни уреди освен инвертер клима, кои користат електрична енергија како извор на топлинска енергија, произведуваат само 1kW топлинска енергија за 1kW потрошена електрична енергија.

Предводник во технологијата за инвертер клими е Gree, затоа што користи современа технологија и метод што создаваат многу предности од нивното користење. Работат и на ниски температури што е основна карактеристика за овие клими, а посебно потребно за наши услови.

Gree климите се водечки бренд во глобалната индустрија за климатизација, пример за енергетски штедливи и за клима уреди со висока енергетска ефикасност. Ова посебно може да биде од корист за намалување на трошоците за електрична енергија, во периодот кога се најавени поскапувања на струјата.

Македонија

Стабилно време со магла до понеделник, дожд од вторник

До понеделник се очекува стабилно и претежно тивко време низ земјава, со појава на магла во утринските часови и зголемена облачност на некои места.

Утре, 18 декември, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека претпладне на одредени места ќе се појави магла. Ветарот ќе биде слаб и променлив.

Во Скопје се очекува слично време, со претежно тивко време и појава на магла во котлинските делови претпладне.

Стабилното време ќе се задржи до понеделник, а од вторник се најавуваат локални врнежи од дожд.

Continue Reading

Македонија

Над 40 државни институции преминаа на електронско управување со документи

Повеќе од 40 институции во државата веќе го користат националниот Документ менаџмент систем (ДМС), што овозможува побрзи и поефикасни услуги за граѓаните, соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во изјава за медиумите.

Според него, поврзувањето на институциите и општините преку единствен дигитален систем претставува суштинска реформа во функционирањето на државната администрација, со фокус на поедноставени и подостапни јавни услуги.

Андоновски информираше дека за само четири месеци е двојно зголемен бројот на институции кои користат електронска архива и електронски систем за управување со документи. Дополнително, преку државната платформа за интероперабилност, само во ноември биле реализирани 2,6 милиони трансакции, што претставува значителен раст во однос на просекот во текот на 2024 година.

Министерот посочи и дека за 20 проценти е зголемен бројот на институции и компании приклучени на платформата за интероперабилност, што директно придонесува за намалување на административните процедури и потребата граѓаните да доставуваат документи од една до друга институција.

„Овие резултати значат помалку хартија, помалку чекање и помалку простор за корупција. Дигиталната трансформација не ја третираме како ИТ-проект, туку како реформа во корист на граѓаните, со јасни и фер процедури“, истакна Андоновски.

Тој додаде дека целта е институциите да функционираат брзо, разбирливо и еднакво за сите, а Министерството за дигитална трансформација останува посветено принципот „граѓаните на прво место“ да стане стандард во работењето на државата преку конкретни и мерливи резултати.

Continue Reading

Македонија

Собранието ги усвои клучните закони за проектот „Безбеден град“

Собранието во рамки на попладневниот дел на 76. седница без расправа ги донесе измените и дополнувањата на повеќе закони кои се дел од пакетот потребен за целосно функционирање на системот „Безбеден град“. Со 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, пратениците усвоија измени на Законот за извршување на санкциите, Законот за полиција, Законот за возила и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека законот е дел од шесте законски измени кои обезбедуваат имплементација на еден од најзначајните проекти во историјата на Македонија, кој започна пред неколку недели и практично ќе стартува од 1 февруари.

Законот за прекршоци, исто така дел од пакетот, воведува посебна постапка за прекршоци констатирани со технички средства и уреди за снимање, вклучително електронска достава преку текстуални пораки или е-пошта, 50% намалување на глобата при доброволно плаќање во рок од осум дена, како и автоматско суспендирање на возачката дозвола по акумулирање на три забрани во четири години. Пратеничката Моника Трајанова од ВМРО-ДПМНЕ објасни дека измените ќе го зголемат ефектот на превенцијата, ќе намалат административни трошоци и ќе ја зголемат ефикасноста на постапките.

Стојановски додаде дека законите овозможуваат одземање на возило на несовесни возачи, како и подобрување на процесот на издавање возачки дозволи, со зголемена транспарентност и контрола врз членовите на комисијата која ги доделува дозволите.

Во рамки на истата седница, пратениците го усвоија и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, исто така по скратена постапка, со што се овозможува поефикасно реализирање на инфраструктурни и други јавни проекти.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг