Connect with us

Македонија

Димитриевски остро кон фашистите: Нека разберат клетите фашисти, македонско име нема да загине!

Published

on

По повод одбележување на 11 Октомври, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски изјави дека Куманово е слободарски, револуционерен град, град на соживот, а неговиот говор го започна со стиховите “Нека разберат клетите фашисти, македонско име нема да загине”.

11 Октомври е голем симбол и силен потсетник за македонската државност. 11 Октомври не задолжи сите нас да не се откажуваме од нашите национални вредности“, рече Димитревски.

Вели дека денес кај нас како печурки „никнуваат“ клубови, кои величаат соработници на фашизмот. Димитриевски се повика на изјавата на првиот македонски претседател Киро Глигоров, кој велеше дека Македонија е се што имаме.

Кумановскиот градоначалник вели дека денешните политичари треба да го трасираат европскиот пат. Кажа дека одлуките не смеат да бидат на штета на националните вредности. Вели дека сите можеме да придонесеме за подобар живот на граѓаните.

Македонија

Мајка од Тетово ја нападнала ќерката, девојчето спиело надвор

Published

on

На 30.01.2025 во 21.00 часот во СВР Тетово, две вработени во Центарот за социјални работи Тетово пријавиле дека при контрола кај малолетно девојче, кое е регистрирано како дете во ризик и запуштено дете, кое живее со нејзината мајка В.Б., која има здравствени проблеми, мајката изјавила дека физички ја нападнала нејзината ќерка. Додека, по кажување на малолетничката, два дена спиела надвор од куќата. Веднаш по констатирање на состојбата, со полициска придружба биле пренесени во Клиничка болница Тетово, каде што В.Б. била задржана на лекување, додека кај малолетното девојче биле констатирани телесни повреди и ќе се згрижи во згрижувачко семејство.

Continue Reading

Македонија

Трагедија во тетовско село

Published

on

На 30.01.2025 во 13.50 часот во СВР Тетово се пријавил Ш.М.(55) од тетовско село, кој претходно бил пријавен од неговата 31 – годишна снаа од Косово, со регулиран престој во селото, дека во неколку наврати извршил кривично дело „полово вознемирување“ врз неа, казниво по член 190-а став 1 од Кривичниот законик. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Традицијата што не згаснува на Тетовско Кале

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски го посети манастирот Свети Атанасиј на Тетовско Кале, истакнувајќи ја важноста на ова свето место за македонската историја и традиција. „Секој чекор тука ја раскажува историјата, а секој поглед нè потсетува на нашите корени,“ порача Мицкоски, нагласувајќи дека зачувувањето на духовното и културното наследство е од исклучително значење за идните генерации.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк